1. Родословот на пророкот Ездра.
1. Втора книга на пророкот Ездра, синот на Сераја, син на Азарија, син на Хилкија, син на Шалум, син на Садока, син на Ахитуб,
2. син на Ахија, син на Финеас, син Елиев, син на Амарија, син на Азарија, син на Мераимот, син на Арна, син на Узи, син на Борит, син на Абишуа, син на Финеас, син на Елеазар,
3. син Аронов од Левиевото племе, кој беше во Мидијската земја во време царувањето на персискиот цар Артаксерксес.
4. Словото Господово дојде до мене:
5. <„Оди и кажи му ги на Мојот народ неговите лоши дела и на нивните синови беззаконијата, што ги направија против Мене, за да ги известат синовите од своите синови, 6. зашто гревовите на нивните родители се намножија во нив: откако ме заборавија, тие почнаа да им принесуваат жртви на туѓи богови. 7. Зар Јас не ги изведов од Египетската земја, од домот на ропството? А тие Ме разгневија и советите Мои ги презреа. 8. Острижи ја косата на твојата глава и фрли го сето зло врз нив, зашто тие, тој непокорен народ, законот Мој не го слушаа. 9. До кога ќе ги поднесувам тие, на кои сум им направи толку многу добрини? 10. Заради нив многу цареви соборив; го погубив Фараонот со луѓето негови и со сета негова војска; 11. пред нивното лице ги истребив сите незнабошци, на исток ги расеав народите од областите на Тир и Сидон и сите нивни непријатели ги уништив.»» 12. А ти речи им, вака вели Господ: 13. <„Јас сум Оној Кој ве преведов преку морето и по неговото дно ви направив ограден пат, Мојсеја ви го дадов за водач и Арона – за свештеник, 14. ви дадов светлина во огнен столб и многу чуда направив меѓу вас, а вие ме заборавивте, вели Господ. 15. Така вели Господ Седржителот: потполошките ви беа знак. Ви дадов борци за заштита, но вие и таму негодувавте; 16. не се радувавте што заради Моето име загинаа вашите непријатели, туку дури и сега уште негодувате. 17. Каде се оние добрини шти ви ги направив? Зар во пустињата, кога огладневте, не викавте кон Мене, 18. велејќи: „Зошто нè доведе во оваа пустина? Зошто нè изведе за да нè погубиш? Подобро ќе беше да им слугуваме на Египќаните, отколку да изумреме во пустинава». 19. Јас се смилував на вашите офкања, и ви дадов мана; и вие јадевте леб ангелски. 20. Кога бевте жедни, нели го расеков каменот и не потекоа ли води во изобилие? Од жегата ве покривав со лисја од дрвјата. 21. Ви разделив плодна земја; пред вас ги прогонив Канаанците, Перисејците и Филистејците. Уште што да направам за вас?»» 22. Така вели Господ Седржителот: <„Кога бевте во пустината, кај реката Аморејска, ожеднети го хулевте Моето име. 23. Јас не испратив оган врз вас поради вашето богохулство, но ставив дрво во водата и ја направив реката слатка. 24. Што да ти направам Јаков? Јудо, ти не сакаше да се покоруваш. Во други народи ќе се населам, ќе им го дадам Моето име, за да ги пазат Моите закони. 25. Бидејќи вие Ме оставивте, и Јас ќе ве оставам; нема да ги помилувам оние што бараат милост од Мене. 26. Кога Ме викате, нема да ве слушам, зашто со крв ги осквернивте вашите раце, а нозете ваши брзаат да извршуваат чувекоубиство. 27. Вие како да не Ме оставивте Мене, туку се оставивте себеси»», вели Господ. 28. Така вели Господ Седржителот: <„Нели ве молев, како таткото што ги моли своите синови и мајката своите ќерки и доилката – своите доенчиња, 29. да бидете Мој народ, а Јас да ви бидам Татко? 30. Ве собрав, како кокошката што ги собира своите пилиња под своите крилја. Што да ви направам сега? Ќе ве отфрлам од Моето лице. 31. Кога ќе ми принесете принос, ќе го свртам Моето лице од вас, зашто ги отфрлив вашите празнични дни, новомесечијата и обрезанијата. 32. Јас ви ги испратив Моите слуги – пророците; вие ги фативте, ги убивте и нивните тела ги раскинавте. Нивната крв од вас ќе ја барам,»» вели Господ. 33. Вака вели Господ Седржителот: <„Домот ваш е пуст, ќе ве развејам како ветар што ја вее плевата, 34. а синовите ваши нема да имаат потомство, затоа што ја презреа Мојата заповед; го правеа она што е зло пред Мене. 35. Домовитге ваши ќе им ги предадам на идните луѓе, кои, иако не Ме чуле, ќе поверуваат и, макар што не сум им покажувал знаци, ќе го извршуваат она што сум го заповедал, 36. и кои, иако не ги виделе пророците, ќе си спомнат за своите беззаконија. 37. Мојата благодат ви ја заветувам вам, на идните луѓе чии деца не Ме виделе со своите телесни очи, но со духот свој верувајќи во она што сум рекол, ќе празнуваат со веселба. 38. И така, гледај, брате, каква слава! Погледни ги луѓето што доаѓаат од исток; 39. ним ќе им ги дадам за водачи Авраам, Исак и Јаков, Осија и Амос, Михеј и Јоил, Авдиј и Јона, 40. Наум и Авакум, Софонија и Агеј, Захарија и Малахија, наречен уште и ангел Господов.»»
2. Најавување на подобра иднина за незнабошците.
1. Вака вели Господ: <„Јас го изведов овој народ од ропство, му дадов заповеди преку Моите слуги – пророците, кои народот Мој не сакаше да ги слуша и ги отфрли Моите совети. 2. Мајката што ги родила им вели: »Одете деца, зашто јас сум вдовица и напуштена. 3. Јас ве одгледав со радост и ве отпуштив со плач и со тага, зашто згрешивте пред Господа, вашиот Бог и го извршивте она што е лошо пред Него. 4. А сега што можам да направам за вас? Јас сум вдовица и напуштена; одете, деца, и барајте милост од Господ.» 5. Оче, Тебе Те повикувам за сведок против мајката на синовите, кои не сакаа да го пазат Мојот завет; 6. предај ги на засрамување, а мајката нивна – на распаѓање, за да исчезне нивниот род; 7. нека се распрснат нивните имиња меѓу народите и да се избришат од земјата, зашто го презреа Мојот завет. 8. Тешко тебе, Асире, затоа што сокриваш безбожници во себеси! Роде лукав, спомни си што направив со Содом и Гомор; 9. нивната земја лежи во смолести мочуришта и во височинки од пепел. Така ќе постапам со оние што не Ме слушаат»», вели Господ Седржителот. 10. Вака му вели Господ на Ездра: <„Јави му на Мојот слуга дека Јас ќе им го дадам Ерусалимското царство, што му го ветив на Израилот, 11. ќе примам од нив слава и ќе им ги дадам вечните живеалишта што сум ги направил за нив. 12. Дрвото на животот ќе им биде маст со пријатна миризба; нема да бидат измачувани од тежок труд и нема да се изморуваат. 13. Дојдете и примете; измолете за себе малку дни, за да не задоцните. Царството за вас веќе е готово; бидете бодри! 14. Небо и земја, бидете сведоци за тоа, дека го уништив злото и направив добро. Жив сум Јас! вели Господ. 15. Мајко, гушни ги своите синови; одгледувај ги со радост; како гулабица, закрепнувај ги нивните нозе, зашто Јас те избрав, вели Господ. 16. Јас ќе ги кренам мртвите од нивните места и од нивните гробови ќе ги изведам, зашто името Свое го познав во Израилот. 17. Не плаши се, мајко на синовите, зашто Јас те избрав, вели Господ. 18. Јас ќе ти ги испратам на помош Моите слуги Исаија, и Јеремија, по чиј совет Јас ги осветив и ти подготвив дванаесет дрвја, оптоварени со различни плодови, 19. а исто толку и извори, од кои тече мед и млеко и седум превисоки планини по кои растат ружи и кринови, преку кои со радост ќе ги исполнам синовите твои. 20. Погрижи се за правата на вдовицата, дај правда на сиромав, помогни му на оној што е во неволја, заштити сирак, облечи необлечен, 21. погрижи се за обесправен и немоќен, не подбивај се со хром, помогни му на оној што нема раце, а слепиот доведи го да ја види Мојата светлина, 22. старец и младич запази меѓу твоите ѕидови; 23. мртви, каде и да ги најдеш, откако ги приготвиш, предај ги во гроб, а Јас ќе ти го дадам првото место во Моето воскресение. 24. Почивај и биди спокоен, народе Мој, зашто ќе дојде твоето спокојство. 25. Добра доилко, дој ги добро твоите синови, закрепнувај ги нозете нивни. 26. Од слугите што ти ги дадов, да не загине никој, зашто од тебе ќе ги барам. 27. Не скрби се, зашто кога ќе дојде денот на скрб и тешкотија другите ќе плачат и ќе се скрбат, а ти ќе бидеш весела и ќе имаш изобилство. 28. Незнабошците ќе ти завидуваат, но ништо не ќе можат да направат против тебе, вели Господ. 29. Моите раце ќе те покријат, та синовите твои да не го видат пеколот. 30. Утешувај се, мајко со твоите синови, зашто Јас ќе те спасам. 31. Сеќавај се на твоите синови што спијат, зашто Јас ќе ги изведам од краиштата на земјата и ќе им покажам милост, бидејќи сум милостив,»» вели Господ Седржителот. 32. <„Прегрни ги твоите деца додека дојдам и им направам милост, зашто Моите извори се изобилни и Мојата благодат никогаш не е скудна.»» 33. Јас Ездра примив на гората Орив заповед од Господа да појдам кај Израел. А кога дојдов кај нив, тие ме исфрлија и ја презреа заповедта на Господа. 34. Затоа ви говорам вам, незнабошци, кои можете да слушате и да разбирате: очекувајте Го Пастирот ваш; Тој ќе ви даде вечен мир; близу е Оној, Кој ќе дојде на крајот на векот. 35. Бидете готови за наградите од царството, зашто вечна светлина ќе ве огрее за вечни времиња. 36. Бегајте од сенката на овој век; примете ја сладоста од вашата слава. Јас јавно сведочам за Спасителот мој. 37. Примете го дарот што ви е даден и насладувајте се, благодарејќи Му на Оној Кој ве повикал во царството небесно. 38. Станете и стојте и гледајте колкав е бројот на оние што се обележени за вечерата на Господа, 39. кои, откако се преселија од сенката на овој век, примија од Господа светли облеки. 40. Сионе, прими го бројот свој и заклучи ги твоите – оние што се облечени во бела облека и што го исполниле законот на Господа. 41. Полн е бројот на твоите сакани синови; моли се за царството на Господа, за да се освети народот твој, кој е повикан уште од почетокот. 42. Јас, Ездра, на гората Сион видов големо множество, кое не можев да го пребројам; тие сите со песни Го прославуваа Господа. 43. Меѓу нив беше висок младич, кој ги надминуваше сите; тој им ставаше венци на главата на секого од нив и со тоа уште повеќе се издигнуваше; јас бев потресен од она што го гледав. 44. Тогаш го прашав ангелот: <„Господаре мој, кои се овие?»» 45. Тој ми одговори и ми рече: <„Овие се оние што го оставиле смртното тело и се облекле во бесмртно, оние што го исповедат името Божјо; сега ги овенчуваат и добиваат победнички палми.»» 46. Јас прашав: <„А кој е оној младич што им ги става венците и што им ги врачува палмите?»» 47. Тој ми одговори: <„Синот Божји, Кого тие Го прославувале во овој живот»». И јас почнав да ги прославувам оние што стоеја цврсто за името на Господа. 48. Тогаш ангелот ми рече: <„Оди и јави му на мојот народ колку и какви чудесни дела на Господа Бога си видел.»»
3. Создавањето на првиот човек и неговото отпаѓање од Бога.
1. Во триесеттата година по разурнувањето на градот, јас бев во Вавилон, и додека лежев смутен во постелата, ми доаѓаа мисли во срцето,
2. затоа што го видов опустошувањето на Сион и богатството на оние што живеат во Вавилон.
3. Духот мој се вознемири и со страв почнав да говорам кон Севишниот,
4. па реков: <„Владетелу, Господи, Ти во почетокот рече, кога Ти самиот ја основа земјата, и ѝ заповеда на земјата, 5. да му даде на Адам смртно тело, кое беше, исто така, создание на Твоите раце; Ти вдахна во него дух за живот, и тој стана жив пред Тебе; 6. Ти го воведе во рајот што го насади Твојата десница, пред земјата да роди плодови. 7. Ти му заповеда да ја пази Твојата заповед, но тој ја наруши; Ти го осуди на смрт, него и неговиот пород. Од него произлегоа поколенија и племиња, народи и фиданки од нив, кои немаат број. 8. Секој народ почна да прави што сака, да прави неразумни дела пред Тебе и да ги презира Твоите заповеди. 9. По извесно време Ти испрати потоп врз жителите на земјата и ги истреби; 10. И иста судбина ги снајде сите нив? Како што смртта го погоди Адам, така потопот ги погоди нив. 11. Само еден од нив остави – Ное со неговите чеда; од него произлегоа сите праведници. 12. Кога жителите на земјата почнаа да се размножуваат, се намножија многу синови, народи и поколенија, и пак почнаа да се предаваат на безбожност, повеќе од поранешните. 13. Кога почнаа да прават беззаконија пред Тебе, Ти тогаш меѓу нив го избра човекот, чие име беше Авраам; 14. него го возљуби и само нему му ја откри Твојата волја; 15. со него склучи вечен завет и му рече дека никогаш нема да го оставиш семето негово. Му го даде синот Исак, и на Исак – синовите Јаков и Исав. 16. Ти го избра Јаков, а Исав го отфрли, и Јаков се размножи прекумерно. 17. Кога го изведе неговото семе од Египет и го доведе до гората Синај, 18. тогаш ги преклони небесата, ја уреди земјата, ја растресе вселената, ги приведе бездните во трепет и целиот свет се вознемири. 19. Твојата слава помина низ четири појави: оган, земјотрес, бурен ветар и мраз, за да му даде закон на семето Јаковово и усрдност на родот Израелов, 20. но не им го одзеде нивното лукаво срце, та законот Твој да даде плод во нив. 21. Со своето лукаво срце прв ја прекрши заповедта Адам и беше победен; така стана и со сите што произлегоа од него; 22. во срцето на народот остана немоќта и законот со корен од злото; доброто отстапи, а злото остана. 23. Измина многу време, се исполнија години и Ти си издигна слуга по име Давид; 24. му заповеда да изгради град на Твое име и во него да Ти принесува темјан и жртви. 25. Ова се извршуваше многу години, а подоцна жителите на градот згрешија; 26. отстапија од сè, постапија така, како што постапи Адам и сите негови потомци; зашто и тие имаа лукаво срце. 27. А Ти им го предаде Твојот град во рацете на Своите непријатели. 28. Па зар подобро постапуваат жителите на Вавилон и затоа владеат со Сион? 29. Кога дојдов овде, видов безредија што немаат број; во таа триесетта година од ропството душата моја гледа многу грешници и срцето мое се стопи. 30. Видов како ги трпиш тие грешници, ги заштитуваш беззакониците; а Својот народ го погуби, непријателите, пак, Твои ги запази и за тоа никого не го извести. 31. Навистина не можам да разберам како можел тој пат да се измени. Зар Вавилон постапува подобро од Сион? 32. Дали Те познал некој друг народ, освен Израел? Кои племиња веруваа во Твоите завети, како што веруваше Јаков? 33. И наградата нивна не е еднаква, ни трудот нивни донел плод; зашто јас одев меѓу народите и видов, дека живеат во изобилие, иако не си спомнуваат за Твоите заповеди. 34. Измери ги на кантар нашите беззаконија и делата на сите што живеат на земјата, и Твоето име нема никаде да се најде, освен во Израел. 35. Кога земните жители не грешеле пред Тебе? Или кој народ ги запазил Твоите заповеди? 36. Меѓу нас ќе најдеш барем некои што ги пазат Твоите заповеди, а меѓу другите народи нема да најдеш.»»
4. Смртните луѓе не можат да ги знаат Божјите патишта.
1. Вака ми одговори испратениот ангел кај мене, по име Уриел.
2. И рече: <„Срцето твое отишло многу далеку од овој век, бидејќи настојуваш да го постигнеш патот на Севишниот.»» 3. Јас одговорив: <„Така е, Господару!»» А тој ми рече: <„Пратен сум да ти покажам три пата и да ти покажам три проблеми. 4. Ако ми решиш еден од нив, тогаш јас ќе ти го покажам патот што сакаш да го видиш и ќе те научам од каде произлегло лукавото срце.»» 5. Тогаш јас му реков: <„Говори, Господару!»» А тој ми рече: <„Појди и иземри ја тежината на огнот или измери го дувањето на ветерот или врати ми го денот што веќе изминал.»» 6. Јас одговорив: <„Кој човек може да го направи тоа што го бараш од мене?»» 7. А тој ми рече: <„Ако би те прашал колку живеалишта има во срцето на морето или колку извори има на почеткот од бездната, или колку жили има над небескиот свод и какви се влезовите на Ад, 8. ти можеби ќе ми одговориш: во бездната не сум слегувал, ниту во Адот, а и на небото никогаш не сум се искачил. 9. А сега те прашав само за огнот, ветрот и денот што си ги преживеал, без што не можеш, а ти и на тоа не ми одговори.” 10. Потоа ми рече: „Ти не можеш да го познаеш ни она што е твое и што било со тебе уште од твојата младост, 11. како тогаш твојот сад би можел да го смести во себеси патот на Севишниот и во овој видлив расипан свет – да ја разбере расипаноста, која е видлива само за мене?»» 12. На тоа јас реков: <„Подобро ќе беше сосема да нè немаше, отколку да живееме во беззаконија и да страдаме без да знаеме зошто страдаме.»» 13. А тој, одговарајќи ми рече: <„Еве, јас отидов во честарот на едно поле и ги најдов дрвјата како се договараат. 14. Тие рекоа: ајде да му објавиме војна на морето, за да отстапи од нас и таму да насадиме други горички. 15. Исто така: и морските бранови имаа совет, тие рекоа: ајде да востанеме и да ги завладееме шумите во полето, за да придобиеме и таму друго место. 16. Но планот на шумата се покажа залуден, зашто дојде огнот и таа изгоре. 17. Така заврши и замислата на морските бранови, зашто песокот застана пред нив и ги задржа. 18. А ти, ако им беше судија: кого ќе го оправдаше и кого ќе го обвинеше?»» 19. Јас одговорив: <„Навистина нивните замисли биле попусти, затоа на шумата ѝ е дадена земјата, а и на морето му е дадено неговото место, за да ги разнесува своите бранови.»» 20. А тој ми одговори и рече: <„Право просуди, а зошто вака не си просудуваш и за самиот себеси? 21. Зашто, како земјата што ѝ е дадена на шумата, а морето што им е дадено на морските бранови, така и жителите на земјата можат да го разберат само она што е на земјата, а жителите на небото можат да го разберат она што е во небесните височини.»» 22. Јас одговорив и реков: <„Ти се молам, Господи, нека ми биде даден ум, за да можам да разбирам. 23. Не сакам да Те прашувам за она што е горе, туку за она што станува кај нас секој ден: зошто Израел им е предаден за подбивање на незнабошците? Зошто народот, кој го возљуби, е предаден на безбожни племиња, и зошто законот на нашите татковци е доведен до распаѓање, а напишаните наредби никаде ги нема? 24. Низ овој живот минуваме како скакулци, животот наш поминува во страв и ужас и станавме недојстојни да ја наследиме Твојата милосрдност. 25. Но што ќе направи Тој со Своето име, со кое се именуваме? Еве, тоа е она за кое прашав.»» 26. А тој ми одговори и рече: <„Што повеќе прашуваш, се повеќе ќе се чудиш, зашто овој век брзо се приближува кон својот крај, 27. и не може да го прими она што им е ветено на праведниците во идните времиња, зашто овој век е преполн со неправда и слабости. 28. А за она што ме праша, ќе ти одговорам: злото е посеано, а уште не дошло времето за неговото искоренување. 29. Зашто додека посеаното не биде искоренето и додека не се исчисти местото, на кое е посеано злото, нема да има место, на кое ќе биде посеано доброто. 30. Бидејќи семето на злото е посеано во срцето на Адам уште од почетокот и колку многу зло роди тоа досега и ќе раѓа додека не дојде време за вршидба! 31. Размисли колку лоши плодови роди зрното на лошото семе. 32. Кога ќе бидат ожнеани безбројните негови класја, колку големо гумно ќе треба!»» 33. Јас го прашав: <„А како и кога ќе биде тоа? И зошто нашите години се малку и зошто се полни со зло?»» 34. Тој ми одговори: <„Не брзај да се издигнуваш погоре од Севишниот, зашто попусто брзаш да бидеш погоре од Него; ти одиш премногу далеку. 35. Зар и душите на праведниците не прашуваат во своите затвори, велејќи: до кога ќе се надеваме вака? И кога ќе дојде плодот на жетвата – на нашата отплата?»» 36. На тоа ми одговори архангелот Јеремиел, велејќи: <„Кога ќе се исполни бројот на семињата во вас, зашто Севишниот го измерил овој век, 37. со мерка ги измерил времињата и со број ги пресметал часовите; и нема ни да се поколеба ниту да се возбуди додека не се исполни одредената мерка.»» 38. А јас како одговор на ова му реков: „Владетелу Господи, но и сите ние сме исполнети со нечесност. 39. И можеби поради нас не се исполнуваат житниците на праведниците и поради гревовите на оние што живеат на земјава.»» 40. Тој ми одговори и рече: <„Појди и прашај бремена жена; можно ли е да го задржи плодот што е во неа по наполнувањето на деветтиот месец?»» 41. Јас одговорив: <„Не може, Господи.»» Тогаш Тој ми рече: <„Слични на утробата се и живеалиштата на душите во Адот. 42. Како што родилката брза да роди, за да се избави од родилните болки, така брзаат и тие – да го вратат она што им е дадено. 43. Најнапред ќе ти биде покажано она што сакаш да го видиш.»» 44. А јас реков: <„Ако сум придобил благодат во твоите очи, ако тоа е можно и ако сум способен за тоа, 45. покажи ми го она што треба да дојде, дали е поголемо од она што изминало, како и она што било дали е поголемо од она што ќе биде? 46. Она што изминало, знам какво е, а она што ќе дојде – за него не знам.»» 47. Тој ми рече: <„Застани од мојата десна страна; значењето на ова ќе ти го објаснам со споредба.»» 48. Јас застанав и видов: ете, запалена печка минува пред мене, и кога пламенот измина, видов – остана дим. 49. потоа пред мене помина облак, полн со вода, и од него се изли силен дожд; но откако поројниот дожд престана, останаа капки. 50. Тогаш тој ми рече: <„Размисли во себеси, како дождот што е нешто повеќе од капки, и огнот – нешто повеќе од дим, така и мерката на минатото зела надмоќност, па останале само капки и дим.»» 51. Тогаш јас го замилив и му реков: <„Мислиш ли дека ќе доживеам до тие дни и што ќе стане во тие денови?»» 52. А тој ми одговори и ми рече: <„За знаците, за кои ме прашуваш, нешто можам да ти кажам, но не сум пратен да говорам со тебе за твојот живот, а и не знам.»»
5. За луѓето многу вистини ќе останат тајна.
1. <„А што се однесува за знаците, ете, ќе настанат дни, кога многумина од жителите на земјата, кои многу знаат, ќе бидат грабнати, и патот на вистината ќе се сокрие и вселената ќе биде лишена од вера, 2. и ќе се умножи неправдата, која сега ја гледаш и за која од порано си слушал. 3. И земјата, која сега ја гледаш дека царува, ќе биде изложена на опустошување. 4. Ако, пак, Севишниот ти даде да доживееш, ќе видиш дека веднаш по третата труба – среде ноќ ќе огрее сонце, а месечината – трипати преку денот; 5. и од дрво крв ќе капе, камен ќе проговори и народите ќе се раздвижат. 6. Тогаш ќе царува оној, кого жителите на земјата не го очекуваат, а птиците ќе прелетаат на други места. 7. Содомското море ќе исфрли риби, ќе пушти глас ноќно време за мнозина непознат, но сите ќе го чујат гласот негов. 8. На многу места ќе има немири, често ќе биде пуштан оган од небото; полските ѕверови ќе ги сменат местата свои и нечисти жени ќе раѓаат чудовишта. 9. Слатките води ќе станат солени, сите пријатели ќе станат еден против друг; тогаш умот ќе се сокрие и разумот ќе се повлече во своето пребивалиште. 10. Многумина ќе го бараат, но нема да го најдат; на земјата ќе се намножат неправдата и невоздржливоста. 11. Една земја ќе ја прашува соседната: дали низ тебе поминала правдата, што човекот го прави праведен? И таа ќе ѝ одговори дека не поминала. 12. Луѓето тогаш ќе се надеваат, и нема да го добијат она што го сакаат; ќе се трудат, но нивните патишта нема да се исправат. 13. За овие знаци ми е дозволено да ти кажам, и, ако пак ме помолиш и поплачеш како сега, и ако постиш седум дни, ќе чуеш и повеќе од ова.»» 14. И јас се свестив, телото мое трепереше силно, душата моја изнемоштуваше, како да исчезнуваше. 15. Но ангелот дојде кај мене, ми говореше, ме подржуваше, ме закрепна и ме исправи на нозе. 16. Втората ноќ кај мене дојде Фалтиел, народниот водач, и ме запраша: <„Каде си бил и зошто ти е лицето нажалено? 17. Зар не знаеш дека тебе ти е доверен Израел, во земјата на неговото прогонство? 18. Затоа стани, и касни леб и не нè оставај, како пастирот што стадото свое не го остава – во рацете на лукави волци.»» 19. Тогаш му реков: <„Оди си од мене и не приближувај се до мене.»» И тој, кога го слушна тоа, си отиде од мене. 20. А јас, пак, постев седум дни, офкајќи и плачејќи, како што ми заповеда ангелот Уриел. 21. По седум дни, помислите на моето срце пак ми беа многу тешки; 22. но душата моја прими дух што може да разбира, и јас одново почнав да говорам пред Севишниот, 23. и реков: „О, Владетелу Господи, од сите гори на земјата и од сите дрвја на неа, Ти ја избра само лозата; 24. и од целиот земен круг – Ти ја избра само пештерата, а од сите цвеќиња во светот – Ти го избра само кринот; 25. од сите морски бездни – Ти наполни само еден извор, а меѓу сите издигнати градови – само Сион го освети за Себе; 26. од сите создадени птици – Ти ја наименува само гулабицата, и од сиот создаден добиток – Ти ја избра само овцата: 27. меѓу сите многубројни народи, Ти придоби само еден народ и него го возљуби, нему му даде закон совршен. 28. Но сега, Господи, зошто овој единствен народ го предаде на мнозина, зошто на еден корен накалеми други фиданки и Твојот единствен народ го расеја меѓу многу народи? 29. Него го покорија оние, кои им се противеа на Твоите ветувања, и кои не веруваа во Твоите завети. 30. И ако беше си го многу намразил, Твојот народ, нека беше тој казнет од Твојата рака.»» 31. Кога ги говорев овие зборови, кај мене беше испратен пак ангелот, што беше дошол кај мене претходната ноќ, 32. и ми рече: <„Чуј ме, јас ќе те научам; слушај ме – јас ќе ти кажам уште повеќе.»» 33. Јас му реков: <„Говори, Господару мој»», а тој ми рече: <„Ти отиде со твојот љубопитен ум за Израел многу далеку; зар ти го сакаш повеќе отколу што го сака Оној, Кој го создал?»» 34. Јас му одговори: <„Не, Господару мој, туку говорев од голема тага. Внатрешноста ме измачува секој час кога се измачувам да го разберам патот на Севишниот или да испитам барем еден дел од Неговиот суд.»» 35. Тој ми рече: <„Тоа не можеш да го постигнеш.»» – Јас го прашав: <„А зошто не можам, Господару мој? Подобро ќе беше ако не се родев и ако утробата на мојата мајка ми станеше гроб, отколку што го гледам измачувањето на Јаков и истоштувањето на Израелскиот народ.»» 36. Тој ми рече: <„Изброј го она што уште го нема, собери ми ги распрснатите капки и оживи ги исушените цвеќиња. 37. Отвори ги заклучените хранилишта, изведи ги ветровите – што се затворени во нив и покажи ми ја сликата на гласот, – и тогаш ќе ти го покажам да го видиш она што те мачи.»» 38. Јас одговорив: <„Владетелу Господи, кој може тоа да го знае, освен Оној, Кој не живее со луѓето? 39. А јас сум безумен, па како можам да говорам за она што ме праша?” 40. Тогаш Тој ми рече: <„Како што не можеш да направиш ништо од ова што е речено, така не можеш да ги знаеш Моите намери, ниту можеш да ги знаеш границите на Мојата љубов, која сум му ја ветил на Мојот народ.»» 41. Јас реков: <„Но, ете, Господи, Ти си близок до оние што се доближуваат до крајот, а што ќе прават оние што биле пред мене, или ние и оние што ќе бидат по нас?»» 42. Тој ми рече: <„Мојот суд Јас ќе го спроведам со венецот: како што нема задоцнување за последните, така нема побрзување за првите.»» 43. Јас одговорив и реков: <„Зар Ти не би можел да ги соединиш во едно: и оние што се создадени порано, така и оние што се сега и кои ќе бидат, за да им го објавиш поскоро Твојот суд?»» 44. Тој ми одговори: <„Творбата не може да оди побргу од својот Творец, како што овој век не може да ги опфати сите заедно во себе и оние што треба да бидат создадени.»» 45. А јас реков: <„Како тогаш Ти ми рече мене, Твојот слуга, дека си му дал заедно живот на сè што е создадено, и создаденото го издржало тоа, па и сега оние што постат заедно би можеле тоа да го издржат.»» 46. Тој ми рече: <„Прашај ја жената и речи н: ако раѓаш десет деца, зошто ги раѓаш одвреме – навреме и замоли ја сите десет да ги роди одеднаш.»» 47. Јас пак му реков: <„Тоа не е можно; тоа може да станува само одвреме – навреме.»» 48. Тогаш Тој ми рече: <„И Јас ѝ дадов на земјината утроба способност да го произведува она што е посеано во неа одвреме – навреме. 49. Како што детето не може да го прави она што можат старците, така и го поставив светот, кој е создаден од Мене.»» 50. Тогаш го запрашав и реков: <„Штом веќе ми го откри патот, тогаш дозволи ми да Те прашам: мојата мајка, за која ми говореше, дали е уште млада или се приближува кон староста?»» 51. Ми одговори и рече: <„За тоа прашај ја онаа што раѓа, и таа ќе ти одговори. 52. Речи н: зошто оние што се раѓаат сега не прилегаат на оние што се родени порано, и зошто се тие помали на раст од другите? 53. Таа ќе ти одговори: едните ги родив во цветот на мојата младост, а другите се родени на старост, кога утробата моја почна да ја губи својата сила. 54. Сега разбери: зошто сте вие помали на раст од оние што се родени пред вас; 55. а оние што ќе се родат по вас, ќе бидат уште помали од вас; созданијата веќе остареа, младешката сила веќе им одминала.»» 56. И реков: <„Ти се молам, Господи, ако сум придобил милост пред Твоите очи, кажи му на Твојот слуга: преку кого го посетуваш Твоето создание?»»
6. Бог го создаде светот и сè што е во него.
1. Тој ми рече: <„Од почетокот на создавањето на земниот круг и пред да бидат установени границите на светот, пред да дувнат ветровите; 2. пред да се чујат гласовите на громот, пред да болскотат секавиците, пред да се утврдат основите на рајот; 3. пред да се појават убавите цвеќиња, пред да се утврдат подвижните сили, пред да се соберат безбројните ангелски војски; 4. пред да се издигнат воздушните височини, пред да се одмерат размерите на небесниот свод, пред да се запалат огновите на Сион; 5. пред да бидат истражувани годините, пред да бидат одделени оние што грешат сега и да бидат запазени оние што ја чувале верата како ризница, 6. тогаш Јас помислив и сè создадов Самиот, а не преку друг; исто така од Мене ќе дојде и крајот, а не од некој друг.»» 7. Тогаш прашав: <„Каква е поделбата на времето, и кога ќе биде крајот на ониа што е прво и почетокот на последното?»» 8. Ми одговори: <„Од Авраама дури до Исака, кога од него се родија Јаков и Исав, кога раката на Јаков ја држела петата на Исав. 9. Крајот на овој век е Исав, а почетокот на идниот е Јаков. 10. Раката на човекот е неговиот почеток, а петата – неговиот крај. За друго, Ездра, не прашувај ме.»» 11. Јас пак му одговори и реков: <„О, Господи Владетелу, ако сум придобил благодат пред Твоите очи, 12. Ти се молам, покажи му го на Твојот слуга крајот на Твоите знаци, од кои ми покажа дел минатата ноќ.»» 13. Тој ми одговори и рече: <„Стани на нозе и слушај го гласот, што ќе биде исполнет со шум, 14. и ќе прилега на земјотрес, но местото, каде што стоиш, нема да се помести. 15. Затоа, кога тој ќе говори, не вчудовидувај се; ќе говори за свршетокот, и ќе разберат основите на земјата. 16. А бидејќи станува збор за нив, земјата ќе затрепери и ќе се расклати, зашто знае оти нивниот крај треба да се измени.»» 17. Кога го чув гласот, станав на нозе и слушнав и, ете, гласот говореше, а шумот беше како шум од многу води, 18. и рече: <„Еве, настануваат дни, кога Јас ќе почнам да се приближувам, за да ги посетам жителите на земјата; 19. кога ќе почнам да барам од оние, кои преку својата неправда предизвикаа неправедно голема штета и кога ќе се исполни мерката на понижувањето на Сион. 20. А кога ќе се одбележи векот, што ќе почне да изминува, еве ги знаците што ќе ги покажам: книгите ќе се отворат пред лицето на небескиот свод, и сите заедно ќе видат; 21. и едногодишни деца ќе проговорат со своите гласови, а бремени жени ќе раѓаат тримесечни и четиримесечни недоносенчиња, кои ќе останат живи и ќе зајакнат; 22. посеани ниви одеднаш ќе се покажат како непосеани и полни житници ќе бидат одеднаш празни; 23. потоа силно ќе затруби труба, и кога ќе ја чујат сите веднаш ќе се уплашат. 24. Тогаш пријатели ќе се вооружат против пријатели како непријатели; страв ќе ја опфати земјата заедно со нејзините жители, а жилите на сите извори ќе секнат и нема да течат. 25. Секој, кој по сето ова, што ти го претскажувам, ќе остане жив, ќе се спаси и ќе го види Моето спасение и крајот на вашиот век. 26. И ќе видат избраните луѓе, кои не доживеале смрт од своето раѓање; ќе се измени срцето на живите и ќе се претвори во друго чувство, 27. зашто злото ќе се уништи и лукавството ќе исчезне; 28. верата ќе расцути, расипаноста ќе биде победена; ќе се појави вистината, која толку време остануваше без плод.»» 29. Кога Тој говореше, јас го погледнав Оној, пред Кого стоев. 30. А Тој ми рече: <„Јас дојдов да ти го покажам времето на следната ноќ. 31. И така, ако се помолиш пак и ако постиш уште седум дена, повеќе ќе ти кажам од денот кога те чув. 32. Севишниот го слушна твојот глас; Силниот го виде твоето правилно дејствување, ја виде чистотата што си ја пазел од својата младост. 33. Затоа ме испрати да ти го кажам сево ова и да ти речам: надевај се и не плаши се; 34. не брзај со првите времиња да мислиш за она што е суетно, за да не ти биде судено со таква брзина за последните времиња.»» 35. Потоа јас пак со солзи се молев и пак постев седум дена, за да ги завршам трите седмици, кои ми беа заповедани. 36. А во осмата ноќ моето срце одново се вознемири, и јас почнав да говорам пред Севишниот, 37. зашто духот силно се возбуди и душата моја се измачуваше. 38. Тогаш реков: <„Господи, уште во почетокот на создавањето Ти говореше; во првиот ден Ти рече: нека биде небо и Твојот збор стана дело совршено. 39. Тогаш се издигнуваше Духот, а темнината опфаќаше сè наоколу и тишина, немаше уште звук на човечки глас. 40. Тогаш Ти заповеда од Твоите сокровишта да излезе изобилната светлина, за да го покаже Твоето дело. 41. Во вториот ден го создаде воздухот и небескиот свод и заповеда водата да се оддели и да има прегради меѓу водите, така што еден дел од нив да се издигне угоре, а другиот да остане долу. 42. Во третиот ден Ти заповеда водите да се соберат во еден седми дел од земјата, а шесте делови ги исуши, за да служат пред Тебе за сеење и обработување. 43. Твојот збор излегуваше и веднаш се појавуваше дело; 44. одеднаш се појавија безбројно множество плодови и разновидни пријатни за вкусот, цвеќиња, непроменливи во својот вид, со неизречиво пријатен мирис; сето тоа беше создадено во третиот ден. 45. Во четвртиот ден Ти заповеда да се појави светлината на сонцето и на месечината и распоредот на ѕвездите. 46. И им заповеда да му служат на човек, кој требаше да биде содаден. 47. Во петтиот ден Ти му рече на седмиот дел, каде што беше собрана водата, да произведе животни, птици што летаат и риби, што беше и извршено. 48. Немата и бездушна вода, на знак од Бога, произведе животни, за да ги кажуваат сите родови Твоите чудесни дела. 49. Тогаш ти запази две животни: едното се нарекуваше Енох, а второто – Левијатан 50. Ти го оддели едно од друго, бидејќи седмиот дел, каде што беше собрана водата, не можеше да ги собере заедно. 51. На Енох му го даде едниот дел од земјата и го запази, за да им служи за храна на оние, на кои Ти сакаш и кога сакаш. 52. а на Левијатан му го даде седмиот дел од водата и го запази, за да им служи за храна на оние, на кои Ти сакаш и кога сакаш. 53. А по шестиот ден Ти ѝ заповеда на земјата да произведе пред Тебе добиток, ѕверови и влекачи; 54. а потоа го создаде Адама, кого го постави за господар на сите Твои созданија, од кого произлегуваме сите ние и народот, кој Ти го избра. 55. Господи, сето ова го реков пред Тебе, зашто Ти си го создал овој свет за нас. 56. А за другите народи, кои произлегоа од Адама, Ти рече дека се ништо, дека се слични на плуканка и дека сето нивно множество Ти си го споредил со капки што капат од сад. 57. А сега, Господи, ете, тие народи, за кои Ти рече дека се ништо, управуваат со нас и нè проголтуваат. 58. А ние, Твојот народ, кого го нарече Свој првенец, Својот единороден и возљубен, сме предадени во нивните раце. 59. Ако овој свет е создаден заради нас, тогаш зошто не добиваме наследство во светов? И до кога ќе биде ова?»»
7. Бог ни приготви рај, а ние одиме по лоши патишта.
1. Кога ги изговорив овие зборови, кај мене беше испратен ангелот, кој беше праќан кај мене минатите ноќи,
2. и ми рече: <„Стани, Ездра, и слушај ги зборовите што дојдов да ти ги кажам.»» 3. Јас реков: <„Говори, Господару мој!»» А тој ми рече: <„Морето е поставено во просторно место, за да биде неизмерно и длабоко; 4. но влезот во него се наоѓа во тесно место, така што прилега на реки. 5. Оној што ќе посака да влезе во морето и да го види, или да владее над него, ако не помине низ тесното, како може да стигне до широкото? 6. Има и други споредби: градот е изграден и расположен во рамнина и полн е со секакви богатства; 7. но влезот во него е тесен и е поставен на стрмнина, така што оддесно има оган а одлево – длабока вода. 8. Меѓу нив, односно меѓу огнот и водата има само една патека, на која може да се смести само човечко стапало. 9. Ако тој град му се даде за наследство на човекот, као тој може да го добие тоа наследство, ако никогаш не помине преку опасноста, која се наоѓа на тој пат?»» 10. Јас реков: <„Така е, Господи!»» А Тој ми рече: <„Таков е и делот на Израел. 11. За нив Јас го создадов светот; но кога Адам ги наруши Моите наредби, беше наредено да застане она што беше извршено. 12. И станаа влезовите на овој свет тесни, болни, мачни, мали, лукави, полни со невојли и бараа многу труд. 13. А влезовите во идниот век се широки, безопасни и принесуваат плодови на бесмртност. 14. И така, ако оние што влегуваат, кои живеат, не влезат низ таа теснотија и неволја, тие нема да го добијат она што е приготвено. 15. Но, зошто се вознемируваш кога си гниежлив и зошто се возбудуваш – кога си смртен? 16. Зошто во твоето срце не ја примиш иднината, туку ја примаш сегашноста?»» 17. Јас одговорив и реков: <„Владетлу, Господи, ете, Ти одреди во Твојот закон дека праведниците ќе го наследат тоа и дека грешниците – ќе загинат. 18. Затоа праведниците ќе можат да поднесат теснотија, надевајќи се дека ќе бидат на широко, а оние што живеат богопротивно, и откако ќе претрпат теснотија, нема да видат широчина.»» 19. Тој ми рече: <„Нема повисок судија од Бога, никој не разбира повеќе од Севишниот. 20. Многумина загинуваат во овој живот затоа што не го примаат Законот Божји што им е предложен. 21. Зашто Бог строго им заповеда на оние што доаѓаат, та кога ќе дојдат – што треба да прават, за да бидат живи; што треба да пазат, за да не бидат казнети. 22. А тие не послушаа и Му се спротивставија, суетна мисла утврдија во себеси; 23. се повлекоа по гревовни измами; рекоа за Севишниот дека Го нема и не ги познаа Неговите патишта; 24. законот Негов го презреа, ги отфрлија Неговите ветувања, немаа вера во Неговите обредни наредби, не ги вршеа Неговите дела. 25. Ете, затоа, Ездра, за празните – празно, а за полните – полно. 26. Еве, ќе дојде време кога ќе се јават знаците, што ти ги претскажав и ќе се јави невестата, а со појавувањето свое ќе се покаже, зашто сега е сокриена во земјата. 27. И секој, кој се избави од наброените понапред зла, самиот ќе ги види Моите чудеса. 28. Зашто ќе се открие Мојот син Исус заедно со оние што се со Него и другите ќе се насладуваат четиристотини години. 29. И по сите тие години ќе умре Мојот Син Христос и сите луѓе што дишат. 30. И ќе се врати светот во првобитниот молк седум дена, како што беше понапред, така што никој нема да остане. 31. А по седумте дена ќе се разбуди заспаниот свет и лошите ќе умрат. 32. Земјата ќе ги предаде оние што спијат во неа, и правот оние кои тивко престојувале во него, а сокровишниците ќе ги предадат душите што им се доверени. 33. Ќе се открие Севишниот од судскиот престол; ќе изминат страдањата и ќе се исцрпи долготрпеливоста. 34. Само еден суд ќе остане: вистината ќе застане, верата ќе закрепне. 35. Потоа ќе дојде делото на отплатата, ќе се открие наградата, ќе се разбуди правдата, ќе престане владеењето на неправдата.»» 36. Јас реков: <„Авраам прв се молеше за Содомците; Мојсеј за – татковците, кои беа згрешиле во пустината; 37. по него Исус – за Израел во деновите на Ахана; 38. Самуил и Давид – за погубените, а Соломон – за оние што дојдоа за осветувањето; 39. Илија – за оние што добија дожд и за мртвиот, за да оживее; 40. Езекија – за народот во времето на Сенахирим, и мнозина – за многумина. 41. И така, ако тогаш, кога пропаста се беше засилила и кога се беше намножила неправдата, праведните се молеа – за нечесните, зошто тоа да не биде и сега?»» 42. А Тој ми одговори и рече: <„Сегашниот век не е крајот; во него често пребива слава, затоа се молеле за немоќните. 43. А судниот ден ќе биде крајот на тоа време и почеток на идното време на бесмртноста, кога ќе си замине распаѓањето, 44. ќе биде срушена невоздржливоста, ќе се откине неверието, ќе се издигне правдата и ќе болсне вистината. 45. Тогаш никој не ќе може да го избави загинатиот, ниту ќе може да го погуби оној што победил.»» 46. Јас одговорив и реков: <„Еве го мојот прв и последен збор: ќе беше подобро ако на Адам не му беше дадена земјата или, откако му веќе беше дадена, да беше задржан за да не згреши. 47. Каква е ползата за човек, кој во сегашниот век живее со скрб, а кога ќе умре – да го чекаат казни? 48. О, Адаме, што направи ти? Ти кога згреши, на падна само ти, туку паднавме и ние што произлегуваме од тебе. 49. Каква е ползата за нас од тоа што ни е ветено време бесмртно, кога извршуваме смртни дела? 50. Иако нам ни е претскажана вечна надеж, ние никаквите – сме создадени суетни. 51. Иако нам ни беа приготвени добри и мирни живеалишта, ние живеевме лошо; 52. Иако за нас Беше однапред подготвена славата на Севишниот, за да ги покрие оние што живееле кротко, ние одевме по лоши патишта. 53. Ќе се покаже рајот, каде што пребива негнилежен плод, и кадешто има спокој и исцеление; 54. но ние нема да влеземе во него, зашто ќе живееме по неблагодарни места. 55. Лицата на оние, кои имаа воздржливост, ќе болснат посветло од ѕвездите, а нашите лица се поцрни од темнината. 56. Ние во нашиот живот, коа вршевме беззаконија, не помислувавме, дека по смртта ќе страдаме.»» 57. Тој ми одговори и рече: <„Тоа е помислата за борбата што треба да ја води човекот, кој е роден на земјата, 58. та ако биде победен, да го претрпи она што го кажа ти, ако пак, победи – да го добие она за што говорам Јас. 59. Тоа е оној живот, за кој Мојсеј, кога беше жив, му рече на народот, велејќи: избери си живот, за да живееш. 60. Но не му поверуваа ни нему, ниту на пророците по него, ниту Ми веруваат Мене, Кој им зборував, 61. дека нема да има жалење за нивното загинување, како што ќе има радост за оние, за кои е приготвено спасението.»» 62. Јас одговорив и реков: <„Знам, Господи, дека Севишниот се нарекува милосрден, зашто ќе ги помилува оние што уште не дошле на светов; 63. дека е милостив спрема оние што живеат според Неговиот закон. 64. Тој е долготрпелив, зашто покажа долготрпеливост спрема оние што згрешија, како спрема Свои созданија. 65. Тој е штедар дарител и дава според потребите. 66. Тој е многумилостив, зашто ги зголемува Своите милости кон оние што живееле, што живеат сега и што ќе живеат во иднина. 67. Бидејќи, ако Тој не ги зголемуваше Своите милости, светот не би можел да продолжи да живее со оние што живеат во него. 68. Тој дава дарови, зашто, ако не даруваше според Својата добрина, за да можат оние што направиле гревови, да се олеснат од своите беззаконија, не би можел да остане жив ни еден десетилјаден дел од луѓето. 69. Иако Тој како судија, ако не им опростуваше на оние, кои се создадени преку Неговиот збор и не истребеше многу од престапите, 70. можеби од безбројното множество, ќе останеа само сосема малкумина.»»
8. Бог ги спасува луѓето само по Својата милост.
1. Тој ми договори и рече: „Севишниот го создаде овој свет за многумина, а идниот за малкумина.
2. Ќе ти кажам, Ездра, една споредба. Како што земјата, ако ја запрашаш, ќе ти каже дека дава голема количина од кои прават глинени садови, а малку прав, од кој се излива златото, така се и делата на овој свет.
3. Многумина се создадени, но малкумина ќе се спасат.»»
4. Јас одговорив и реков: <„Душо, касни ја смислата и проголтај ја мудроста, 5. зашто ти вети дека ќе слушаш и посака да пророкуваш, а времето ти е дадено само да живееш. 6. О, Господи, нема ли да ми дозволиш мене, на Твојот слуга, да се помолам пред Тебе да му дадеш на нашето срце семе, и на разумот наш очистување, за да даде плод, од кој би можел да живее секој распадлив, што ќе го носи името човек? 7. Ти си еден, а ние сме единственото создание на Твоите раце, како Ти што рече. 8. Но, како сега во мајчината утроба се образува телото, а Ти му ги даваш членовите? Како се запазува Твоето створение во огнот и во водата, и како, Твоето создание ја трпи девет месеци Твојата творба во себеси, зашто е создадена во неа? 9. И она што пази, и она што е пазено, се запазуваат и едното и другото, а утробата на мајкат истовремено го враќа запазеното, кое израснало во неа. 10. Ти си заповедал од самите делови, односно од градите да се дава млеко – плод од градите.
9. Има знаци и сили, за времето кога Сесилниот ќе го посети светот.
1. Он ми одговори и рече: „Кога го мериш времето, мери го во себеси, и кога ќе видиш изминал еден дел од веќе посочените знаци,
2. тогаш ќе разбереш дека е тоа точно времето кога Севишниот ќе почне да ги посетува Своите созданија од Неговиот свет.
3. Кога во светот ќе се појават земјотреси, бунтови кај народите,
4. тогаш ќе разбереш, дека за тоа говорел Севишниот уште во деновите пред тебе, во почетокот.
5. Како сè, што е создадено во светот – има свој почеток и крај, така и свршетокот бива јавен,
6. така и времињата на севишниот имаат почеток, кој се открива преку чудеса и сили, и крај, кој се појавува преку дејства и знаци.
7. Секој, што ќе се спаси и успее преку своите дела и верата, во која верувате, да избегне од горе споменатите зла,
8. ќе остане и ќе го види спасението од Мене во Мојата земја и во Моите предели, кои сум ги осветил уште пред вековите.
9. Тогаш ќе зажалат оние, кои отстапиле сега од Моите патишта и оние што ги отфрлиле со презир; тие ќе бидат во маки.
10. Оние, кои во животот добиваат добрини, а не Ме познаа,
11. го пренебрегнуваа Мојот закон, не го разбраа, туку го презреа, кои беа уште слободни и кога им беше уште отворено место за покајание,
12. тие ќе Ме познаат по својата смрт, во маките.
13. Тие не беа повеќе љубопитни за тоа како ќе се спасат непобожните, туку испитуваа како и кога ќе се спасат праведните, на кои им припаѓа и заради кои постои светот.”
14. Јас одговорив и реков:
15. „Понапред говорев, а и сега кажувам, и потоа ќе говорам, дека оние што ќе загинат се повеќе од оние што ќе се спасат – како бранот што е повеќе од капка.”
16. Он ми одговори и рече:
17. „Каква е нивата, такво е и семето; какви се цвеќињата, такви се и шарките; каков е работникот, таква му е и работата; каков е земјоделецот, такво е и обработувањето; зашто тогаш беше времето на векот.
18. Кога го приготвував светот, пред да биде живеалиште на оние што сега живеат во него, тогаш никој не Ми се противстави.
19. А сега, кога овој свет беше создаден, обичаите на создадените се расипаа при богата жетва и неиспитан закон.
20. Јас го разгледав светот: и, ете, се покажа опасност од замисли, кои се појавија во него.
21. Го видов и го поштедив; запазив за Себе си едно зрно од гроздот и еден од многуте садови.
22. Нека загине множеството, што се родило попусто; нека се запазат Моето зрно и Мојот сад, кои ги одгледав со голем труд.
23. А ти, кога изминат другите седум дена, но без да постиш во тоа време,
24. и кога ќе излезеш во расцутеното поле, каде што нема изградено куќа, па почнеш да се храниш само со полски цвеќиња, без да јадеш месо, нити да пиеш вино, туку само со цвеќињата,
25. моли Му се непрестајно на Севишниот, и Јас ќе дојдам и ќе ти говорам.”
26. И, како што ми рече, јас отидов во полето, кое се нарекува Ардат, седнав таму меѓу цвеќињата и јадев од полските треви и храната од нив ме наситуваше.
27. По седумте дена јас лежев во тревата, и срцето мое пак се вознемируваше, како и порано.
28. Устата моја се отвори и јас почнав да говорам и реков:
29. „О, Господи, Ти Кој сега ни се јавуваш нам, им се јавуваше и на нашите татковци во непроодната и бесплодна пустиња, кога излегоа од Египет,
30. тогаш си рекол: Слушај ме, Израиле; семе Јаковово, внимавај на моите зборови.
31. Ете, јас го сеам Мојот закон во вас, тој ќе роди во вас плод; ќе се славите вечно во него.”
32. Но нашите татковци, кога го примија законот, не го исполнија и не ги запазија Твоите заповеди; макар што плодот од Твојот закон не загина, и не можеше да загине, зашто беше Твој,
33. но загинаа оние што го примија законот, не запазувајќи го она што е посеано во него.
34. Обично бива така, ако земјата примила семе, или морето кораб, или некој сад – храна или пијачка, па ако биде повредено она што е посеано или она во што е сместено,
35. во таков случај загинува заедно и она што е посеано, поставено или изникнато, па пред вас нема да остане фатеното. Но со вас не бива така.
36. Ние, кои го примивме Законот, грешејќи, загинавме; загинува и нашето срце што го прими;
37. но Законот не загинува; тој останува во својата сила.
38. Кога го говорев ова во своето срце, погледнав со моите очи и од мојата десна страна видов жена; ете, таа плачеше и офкаше со висок глас и силно страдаше душевно; облеката ѝ беше раскината и на главата имаше пепел.
39. Тогаш ги оставив размислувањата, со кои бев зафатен, се свртев кон неа и ѝ реков:
40. „Зошто плачеш и зошто страдаш душевно толку многу?”
41. Таа ми одговори: „Остави ме, господаре мој, да се оплакувам себеси и да ја удвојам мојата жалост; многу сум огорчена душевно и многу сум понизена.
42. Јас ја прашав: „Што си претрпела? Кажи ми!” А таа ми одгови:
43. „Јас, твојата слугинка, бев неплодна; имав маж, но не раѓав триесет години.
44. Секој час и секој ден, во тие триесет години, непрестајно Му се молев на Севишниот,
45. по триесет години, Бог ме чу мене, твојата слугинка, ја виде мојата смиреност, ја слушна мојата тага и ми даде син; јас му се израдував многу, и мојот маж, и сите мои сограѓани, и многу Го прославивме Севишниот.
46. Јас го одгледав со голем труд,
47. а кога порасна и реши да се жени, приредив свадбена гозба.”
10. Севишниот преку видение на пророкот му открива многу тајни.
1. Но кога синот мој влезе во брачната одаја, тој падна и умре.
2. Ги превртивме сите ние светилниците, сите мои сограѓани почнаа да ме утешуваат, а јас почивав до ноќта идниот ден.
3. А кога сите престанаа да ме утешуваат, за да ме остават на мир, јас станав ноќта, побегнав и дојдов, како што гледаш во ова поле.
4. Мислам веќе да не се враќам во градот, туку да останам овде; да не јадам, да не пијам, туку непрестајно да плачам и да постам, сè додека не умрам.”
5. Откако ги оставив моите размислувања, со кои бев зафатен, со гнев ѝ одговорив и реков:
6. „О, најбезумна од сите жени! Не ја гледаш ли нашата жалост и ова што ни стана,
7. дека Сион, нашата мајка, прекумерно тагува, дека е крајно понижена и дека горко плаче?
8. И сега, кога сме сите натажени и кога жалиме, зар ти ќе жалиш само за твојот син?
9. Прашај ја земјата, и таа ќе ти одговори дека токму таа треба да го оплакува паѓањето на толку многу нејзини рожби,
10. зашто сите што се родени од неа уште од почетокот, и други што ќе дојдат, речиси сите
загинуваат и толкумина од нив биваат предавани на истребување.
11. И така, кој треба повеќе да жали, ако не онаа што загубила толку големо мноштво, а не ти, која жалиш само за еден?”
12. Ако ми кажеш дека мојот плач не прилега на плачот на земјата, зашто јас го изгубив плодот на мојата утроба, што сум го носела со тага и што сум го родила со болки,
13. а земјата загубува според своето својство – а сегашното мноштво на неа, како што си
оди, така и доаѓа.
14. Но јас ќе ти кажам дека, како ти што си родила со мака, исто така, и земјата му го дава својот плод на човекот, кој ја обработува од почетокот.
15. Затоа, воздржи се сега од твојата жалост и храбро поднеси ја загубата што те постигнала.
16. Зашто, ако признаеш, дека Божјата одлука е праведна, кога ќе дојде времето, ќе го добиеш сина си, и ќе бидеш прославена меѓу жените,
17. и така, врати се во градот при својот маж.”
18. Но таа рече: „Нема да направам така, нема да се вратам во градот, туку овде ќе умрам.”
19. Продолжувајќи да говорам со неа, јас ѝ реков:
20. „Не прави го тоа, туку послушај го мојот совет. Зашто колку ли се неволјите на Сион? Утеши се поради жалоста на Ерусалим.
21. Оти гледаш дека нашето светилиште е запустено, дека олтарот наш е урнат и храмот е разрушен;
22. псалтирот наш е понижен, песните молкнаа, радоста исчезна, светлината на светилникот изгасна, ковчегот на нашиот завет е разграбен. Светињата наша е осквернета, а името што ни е дадено – речиси е поругано, нашите деца претрпеа срам, свештениците наши се избиени, левитите наши – во плен се одведени, девојките наши се обесчестени, жените наши претрпеа насилство, праведниците наши се одвлечени, децата ни загинаа, младичите наши се во ропство, а јунаците наши изнемогнаа;
23. а она што е најтешко, знамето на Сион ја загуби својата слава, зашто им е предадено во рацете на оние што нè мразат.
24. Затоа остави ја твојата голема тага, одложи ги твоите многу жалости, за да се смилува
Севишниот над тебе; Севишниот ќе те успокои и маките ќе ти ги олесни.”
25. Кога ѝ ги упатив тие зборови, погледот нејзин одеднаш светна и, ете, стана изгледот нејзин стана болскав, така што јас се исплашив од неа, и помислив што треба да значи тоа.
26. И одеднаш извика толку страшно, така што од тоа нејзино викање земјата се заниша.
27. И јас видов: ете, жената веќе не ми се јавуваше, туку се градеше грда; неговото место се обележуваше на широки основи и јас, исплашен, високо извикав и реков:
28. „Каде е ангелот Уриил, кој во почетокот доаѓаше при мене? Зошто тој ме доведе до ваква избезуменост, во која целта на мојот стремеж се загуби и молитвата моја се претвори во злословие?”
29. Кога го говорев ова, тој дојде при мене,
30. ме виде, и, ете, јас лежев како мртов и во несвест; ме фати за десната рака, ме поткрепи и, откако ме исправи на нозе, ми рече:
31. „Што ти е? Зошто разумот и чувствата на твоето срце се смутени? Од што се возбудуваш?”
32. Јас му одговорив и му реков: „Ти ме остави; постапувајќи по твоите зборови, излегов во полето и, ете, видов и уште го гледам она што не можам да го сфатам.”
33. Тој ми рече: „Стој храбро, јас ќе ти објаснам.”
34. Јас му реков: »Говори ми, Господару мој; само не оставај ме залудно да умрам;
35. бидејќи го видов она што не го знаев и го чув она што не ми беше познато.
36. Дали моето чувство ме мами или душата моја блада во сон?
37. Затоа, ти се молам, да ми ја објасниш мене, на твојот слуга, оваа моја избезуменост.” – Одговарајќи ми, тој рече:
38. „Слушај ме, јас ќе те научам и ќе ти го објаснам тоа што те исплаши: зашто Севишниот ќе ти открие многу тајни.
39. Он го гледа твојот прав пат, гледа дека непрестајно жалиш за народот и дека силно тажиш за Сион.
40. Ова значи видението што ти се јави пред малку:
41. жената што ја виде дека плаче, а ти се мачеше да ја утешиш,
42. таа која отпосле стана невидлива, а тебе ти се јави град кој се ѕидаше –
43. и што ти раскажа за смртта на сина си, еве што значи:
44. жената што ја виде – тоа е Сион. А она што ти рече таа – која ја виде како град – туку што почнал да се ѕида,
45. дека таа триесет години била неплодна, со тоа се покажа оти во текот на триесет години не била принесувана жртва во Сион.
46. По триесет години неплодната родила син; тоа беше тогаш кога Соломон го изѕида градот и принесе жртва.
47. А она што ти рече дека со труд го отхранила, тоа беше животот во Ерусалим.
48. А она што ти рече, дека нејзиниот син, кога влегол во брачната одаја, паднал и умрел, тоа е паѓањето на Ерусалим.
49. И ете, ти ја виде споредбата со неа: како таа жалеше за својот син, а ти настојуваше да ја утешиш за она што станало: ова требаше да ти се објасни,
50. А сега, Севишниот, гледајќи те дека жалиш со душа и со срце за него, Он ти ја покажа светлината на неговата слава и неговата убавина.
51. Токму затоа ти зповедав да живееш во полето, каде што не е положена основа за зграда.
52. Јас знаев дека Севишниот ќе ти го покаже ова;
53. да дојдеш во полето, каде што не е положена основа за зграда.
54. Зашто не можеше да постои основа за човечка градба, таму каде што почнуваше да се покажува градот на Севишниот.
55. Па така, не плаши се, да не се плаши твоето срце, но влези и види ги болскотот и убавината на градбата, колку што можат твоите очи да гледаат.
56. Потоа ќе чуеш колку што можат твоите уши да слушаат.
57. Ти си поблажен од многумина и, како малкумина, си повикан при Севишниот.
58. Утре преку ноќта остани тука,
59. и Севишниот ќе ти покаже видние на најголеми дела, кои Он ќе ги изврши во последните дни за жителите на земјата.”
60. И спиев преку таа ноќ и преку идната како што ми заповеда тој.
11. Пророкот има видение.
1. И, ете, видов сон: од морето се издигаше орел, кој имаше дванаесет перјасти крилја и три глави.
2. И видов: ете, тој ги ширеше крилјата над целата земја, сите небески ветрови дуваа врз
него и облаци се собираа.
3. И видов: дека од неговите перја му излегуваа други мали перја, а од нив излегуваа уште помали и покуси.
4. Неговите глави мируваа, а средната глава беше поголема од другите две глави, исто така таа мируваше заедно со нив.
5. И видов: орелот леташе на своите крилја и царувше над земјата и над сите нејзини жители.
6. И видов дека сè што е под небото – нему му беше послушно и никој не му се противеше -ниту едно од суштествата што постоеја на земјата.
7. И ете, орелот застана на своите нокти и издаде глас кон своите перја, па рече:
8. „Не бдејте сите заедно, секој нека спие на своето место, туку бдејте по ред,
9. а главите нека се запазат за најпосле.”
10. Видов дека гласот му излегуваше не од неговите глави, туку од средината на неговото тело.
11. Ги изброив неговите мали перја; тие беа осум.
12. И, ете, од десната страна се издигна едно перо и се зацари над целата земја;
13. и кога се зацари, настана неговиот крај и местото негово исчезна; потоа се издигна едно друго перо и тоа царуваше; тоа царуваше долго време.
14. Откако царуваше и му се приближи крајот, за да исчезне и тоа, како и првото,
15. ете, се чу глас, кој му велеше:
16. „Слушај ти, кој толку долго владееш на земјата, еве што ти јавувам, пред да почнеш да исчезнуваш:
17. по тебе нема никој да владее толку долго, како ти што владееше, ниту половината од тоа време.”
18. Се издигна и третото перо и владееше како оние пред него, но и тоа исчезна.
19. Така стана и со сите други: и тие владееја и најпосле засекогаш исчезнаа.
20. Видов дека одвреме-навреме од десната страна се издигнуваа и други перја, та и тие да владеат, и некои од нив и владееја, но потоа веднаш исчезнуваа;
21. се издигнуваа и други од нив, но не добиваа власт.
22. Потоа веќе не се јавуваа дванаесетте перја, ниту двете мали перја,
23. а на телото од орелот не остана ништо, освен двете мирни глави и шесте мали перја.
24. Јас видов: од шесте мали перја две се одвоија и останаа под главата, која беше од десната страна, а четирите останаа на своето место.
25. Потоа поткрилните перја се обидуваа да се издигнат да владеат,
26. и, ете, едно се издигна, но веднаш исчезна;
27. и тие по нив исчезнаа уште побргу од првите.
28. И видов, ете, двете останати перја, исто така, се обидуваа да царуваат.
29. Кога тие се обидуваа, една од мирните глави, а тоа беше средната, се разбуди; таа беше поголема од другите две глави.
30. И видов дека двете други глави се соединија со неа.
31. И таа глава, откако се сврте заедно со оние, кои беа соединети со неа, ги проголта двете поткрилни, што се обидуваа да царуваат.
32. Таа глава ја исплаши целата земја и владееше над земните жители со големи измачувања, и власта ја одржа над земјината топка повеќе отколку сите крилја, колку што ги имаше.
33. потоа видов дека и средната глава ненадејно исчезна, како и крилјата;
34. останаа двете глави, кои царуваа над земјата и над нејзините жители.
35. И, ете, главата што беше од десната страна ја проголта главата што беше – од левата страна.
36. И чув глас кој ми говореше: „Гледај пред себеси и размислувај за ова што го гледаш.”
37. И видов нешто слично на лав, кој излегол од гората и рика, издаде човечки глас кон орелот и рече:
38. „Слушај што ќе ти кажувам, и што ќе ти каже Севишниот:
39. Нели си ти оној што остана жив од четирите животни, што ги одредив да царуваат во Мојот свет, па преку нив да дојде крајот на оние времиња,
40. и четвртото од нив дојде, ги победи сите претходни животни, и светот го држеше во голем трепет и целата вселена – во тешко измачување и со потчинетите, и толку долго време најтежок притисок со подлост владееше на замјата?
41. Ти не ѝ судеше на земјата според правдата:
42. ти ги притискаше кротките, мирољубивите ги навредуваше, ги сакаше лажливците, им ги уриваше живеалиштата на оние што не ти придонесуваа корист, им ги уриваше ѕидовите на оние што не ти причинуваа никаква навреда.
43. Твоето беззаконие стигна до Севишниот, твојата гордост – до Силниот.
44. Погледна Севишниот на времињата од гордоста, и, ете, тие се свршени, и мерката на нејзините беззаконија се исполни.
45. Затоа, исчезни ти, орлу, со твоите страшни крилја, со твоите грозни перја, со твоите зли глави, со твоите жестоки нокти и со сето твое грдо тело,
46. за да се одмори целата земја и да се избави од твоето насилство и да се надева на суд и милосрдност од својот Создател.”
12. Повторно видение.
1. Кога лавот му ги говореше овие зборови на орелот, јас видов,
2. дека глават веќе не се јавуваше, оти останаа заедно со четирите крилја, кои беа преминале кон неа и се издигаа, за да царуваат, но нивното царување беше слабо и полно со расправии.
3. Видов и, ете, тие исчезнаа, и целото тело на орелот изгоруваше; ужас ја опфати земјата, а јас во беспокој, избезуменост и голем страв се разбудив и му велев на својот дух:
4. „Ете, ти ми го причини ова преку твоето истражување, на патиштата на Севишниот.
5. Ете, срцето мое уште трепери и духот мој многу ослабна, и во мене не остана сила од големиот страв што ме порази таа ноќ.
6. Но ќе Му се помолам на Севишниот, да ме поткрепи до крај.”
7. И реков: „Владико Господи, ако сум придобил благодат пред твоите очи, ако си ме нашол поправичен од мнозина, и ако мојата молитва навистина достигнала до Твоето лице,
8. поткрепи ме и покажи ми го мене, на Твојот слуга, значењето на ова страшно видение, та душата моја наполно да се успокои;
9. зашто ти ме сметаше за достоен да ми ги покажеш последните времиња.” А Он ми рече:
10. „Значењето на тоа видение е вакво:
11. орелот што го виде да се издигнува од морето, е царството, кое му беше покажано во видение на Данаил, твојот брат;
12. но нему не му беше објаснето она, што сега тебе ќе ти го објаснам.
13. Ете, доаѓаат денови, кога на земјата ќе настане царство, пострашно од сите царства, што биле пред него.
14. Во него ќе царуваат – еденподруг – дванаесет цареви.
15. вториот од нив ќе почне да царува и ќе царува повеќе отколку сите други дванаесетмина.
16. Тоа е значењето на дванаесетте крилја, што ги виде.
17. А што слушна глас што говори, кој не излегуваше од главите на орелот, туку од средината на неговото тело,
18. тоа значи, дека во времето на тоа царство ќе произлезат не мали расправии и царството ќе биде изложено на опасност да пропадне, но тоа тогаш нема да пропадне, туку ќе се состават во својата првобитна состојба.
19. А тоа што виде осум мали поткрилни перја, соединети со крилјата, тоа значи,
20. дека во царството ќе се издигнат осум цареви, чии времиња ќе бидат лесни и годините брзи и дека двајца од нив ќе загинат.
21. А кога ќе почне да наближува средното време, четворица ќе се запазат од она време кога ќе биде близу крајот, а двајца ќе се запазат до крајот.
22. А тоа што виде три глави што мируваат, тоа значи,
23. дека во последните дни на царството Севишниот ќе издигне три царства и ќе им потчини многу други, тие ќе владеат над земјата и над нејзините жители, и тоа
24. со поголеми измачувања, отколку сите други, што беа пред нив; затоа тие се наречени глави на орелот,
25. зашто тие ќе ги завршат неговите беззаконија и ќе му стават крај.
26. А тоа што виде дека големата глава веќе не се јавува, тоа значи дека еден од царевите ќе умре на својата постела, и тоа во маки,
27. а другите двајца меч ќе ги проголта:
28. мечот на едниот ќе го проголта оној што е со него, но и тој по извесно време од меч ќе умре.
29. И откако виде дека двете поткрилни перја преминаа кон главата, што беше на десната страна,
30. тоа се оние кои Севишниот ги запазил до крајот на царството, односно царство сиромашно и преполно со жалост.
31. Лавот што го виде да излегува од гората со рикање, да гвори со орелот и да го изобличува за неговите неправди со сите негови зборови што ги слушна,
32. тоа е Помазаникот, запазен до Севишниот до крајот против нив и против нивните беззаконија, Кој ќе ги изобличи и ќе им ги покаже нивните притеснувања.
33. Он ќе ги изведе пред суд на живите и, откако ќе ги изобличи, ќе ги казни.
34. По својата милосрдност, Он ќе го избави остатокот на Мојот народ, оние што се запазиле во Моите предели, и ќе ги зарадува додека настане крајот – судниот ден, за кој ти бев кажал од почетокот.
35. Таков е сонот што го виде и такво е неговото значење.
36. Само ти беше достоен да ја дознаеш оваа тајна на Севишниот.
37. Сето ова што го виде, напиши го во книга, а книгата остави ја на скришно место;
38. за ова научи ги мудрите од народот, чии срца ќе ги најдеш способни да ги прифатат и да ги пазат овие тајни.
39. А ти остани овде уште седум дена, за да ти биде покажано она што ќе Му биде угодно на
Севишниот да ти каже.”
40. Откако изминаа седумте дена и сиот народ беше слушнал дека не сум се вратил во градот, се собраа сите од мало до големо, и, откако дојдоа при мене, ми рекоа:
41. „Со што згрешивме против тебе и со што те навредивме, та нè остави и седиш на ова место?
42. Од сиот народ само ти ни остана како грозд од лоза, како светлина на темно место, како пристаниште за избавување на кораб.
43. Зар се малку неволјите, што нè снајдоа?
44. Подобро ќе беше за нас да бевме изгореле тогаш кога гореше Сион,
45. зашто не сме подобри од оние што таму изумреа,” и плачеа тие со висок глас, а јас им одговорив и реков:
46. „Израиле, надевај се и не тагувај, доме Јаковов,
47. зашто Севишниот си спомнува за вас и Силниот не ве заборавил во вашите неволји.
48. Ни јас не сум ве оставил, не сум отишол од вас, но дојдов на ова место, за да се помолам за разурнатиот Сион и да просам милост за вашата понижена светиња.
49. Сега секој од вас нека си појде дома и јас ќе се вратам при вас по тие дни.”
50. Народот си отиде во градот, како што му реков.
51. Јас останав во полето, како што ми беше заповедано и во сите тие дни се хранев само со полски цвеќиња, и тревата ми беше храна.
13. Сесилниот му го толкува на пророкот сонот.
1. По седум дена видов ноќта сон:
2. ете, од морето се издигна ветар, за да ги раздвижи сите негови бранови.
3. Гледав, и ете, излезе силен маж со неброено воинство; насекаде, каде се свртуваше неговото лице, за да погледне, сè што се гледаше под него – трепереше;
4. и каде и да одеше гласот од неговата уста, се вжештуваа и се топеа сите, кои го слушаа неговиот глас, како што се топи восок кога ќе почувствува оган.
5. Потоа видов: еве, се собра безбројно мноштво луѓе од четирите небески ветрови, за да го победат тој маж, кој се беше издигнал од морето.
6. Видов, ете, тој изваја голема гора и полете на неа.
7. Настојував да ја видам таа страна или тоа место, откаде беше извајана таа гора, но не можев.
8. Потоа видов како сите оние, што се собрале да го победат – дека многу се уплашија, но сепак се осмелија да војуваат.
9. А тој кога виде, дека, мноштвото со стремеж доаѓа, не крена рака, не држеше ни копје, ниту некакво воено оружје;
10. но тој, како што видов, испушташе од својата уста нешто како огнен издив, низ своите усни некакво пламено дишење, а од јазикот свој испушташе искри и бури, и сето тоа се слеа во едно: огнен здив, пламено дишење и силна бура.
11. Тој со устрем го нападна тоа мноштво, што се беше приготвило да војува, па ги изгоре сите, така што од безбројното мноштво ништо не се виде, освен прав и мирис од дим и страв ме опфати.
12. Потоа го видов истиот маж како слегува од гората и како повикува едно друго, мирно мноштво.
13. Многумина пристапија при него, едни со весели лица, други со тажни, едни беа врзани, а други беа доведувани, – А и јас речиси премалев од страв, се разбудив и реков:
14. „Ти од почетокот ми ги покажа овие чуда мене, на Твојот слуга, и ме најде достоен да ја примиш мојата молитва;
15. па покажи ми го и значењето на овој сон.
16. Зашто, како што разбирам со разумот свој, тешко на оние што ќе бидат оставени во тие дни, а уште потешко на оние што не се оставени,
17. бидејќи оние, што не се оставени, беа нажалени.
18. Сега разбирам, дека она, што е оставено за последните дни, ќе ги сретне нив, како и оние, кои се оставени.
19. Затоа тие се најдоа во големи опасности и во големи маки, како што покажуваат соновите.
20. Но за овој, кој е во опасност, полесно е да го види тоа, отколку да мине како облак од овој свет и да не го види она што ќе стане во последните времиња.” Тој ми одговори и рече:
21. „Ќе ти го кажам значењето на видението и ќе ти го откријам и она за што говореше ти.
22. Бидејќи ти говореше за оние што се оставени, еве ти го објаснението:
23. оној што ќе ја издржи опасноста во она време, тој ќе биде запазен, а оние што ќе паднат во опасност, тоа се оние што имаат дела и вера во Сесилниот.
24. И така, знај, дека оние што се оставени, поблажени се од умрените.
25. А еве го објаснението на видението: бидејќи ти го виде мажот што се издигнуваше од среде море,
26. тоа е оној, кого Севишниот го пази долго време, кој преку самиот себеси ќе го избави Своето создание и ќе ги раководи оние што се оставени.
27. А тоа што виде дека од неговата уста како да излегуваше ветар, огин и бура,
28. и дека тој не држеше ни копје, ниту некое друго воено оружје, но дека неговиот стремеж го уништи мноштвото кое беше дојдено за да го победи, еве го објаснението за ова:
29. еве, настануваат дните, кога евишниот ќе почне да ги избавува оние што се на земјата,
30. и ќе направи да се вчудовидат оние што живеат на земјата,
31. и ќе започнат војна едни против други, град против град, област против област, народ против народ, царство против царство.
32. Кога ќе стане сето тоа и се појават знаците што ти ги покажав пред малку, тогаш ќе се покаже Мојот Син, Кого ти го виде како маж, Кој се издигнува.
33. И кога сите народи ќе го чујат Неговиот глас, секој од нив ќе ја остави војната што ја водат во својата земја и што ја водат едни против други,
34. и ќе се соберат во едно собрание безбројно мноштво, кое како да ќе сака да појде и да го победи.
35. Он ќе застане на врвот од гората Сион.
36. А Сион ќе дојде и ќе им се покаже приготвен и уреден на сите, како што ја виде и ти гората извајана без раце.
37. И Мојот Син ќе ги изобличи беззаконијата, измислени од тие народи, кои преку своите лиши помисли ги приближија бурата и маките, со кои ќе почнат да се измачуваат,
38. и кои што се слични на оган; Он без труд ќе ги истреби со закон, Кој е сличен на огнот.
39. А тоа што виде дека Он го собира при Себе другото, мирно множество,
40. тоа се дестте племиња, кои беа одведени пленици од својата земја во деновите на царот
Осија, кого го одведе во ропоство Аирскиот цар Салманасар, ги преведе од другата страна на реката, беа одведени во друга земја.
41. А тие во својот совет решија да го остават мноштвото незнабошци и да отидат во далечна земја, каде што никогаш човечки род не живеел,
42. за да ги пазат таму законите свои, кои не ги пазеа во својата земја.
43. Преку тесни клисури се приближуваа до реката Еуфрат;
44. Сесилниот тогаш напарви чудо: ги сопре речните жили додека тие преминуваа;
45. а затоа што низ таа земја минуваа долго – година и половина, таа земја се нарекува Арсарет.
46. Тие живееја таму до неодамна. И сега, кога ќе почнат да пристигнуваат,
47. Севишниот пак ќе им ги сопре жилите на реката, за да можат тие да преминат; затоа ти го виде мирното множество.
48. но оставените од Мојот народ се оние, кои се најдоа внатре во Моите предели,
49. зашто кога ќе почне да го истребува мноштвото народи собрани заедно, Он ќе го заштити Својот народ, кој ќе остане.
50. И тогаш ќе им покаже многу чуда.”
51. Јас реков: „Господи Владико, објасни ми го тоа зошто го видов мажот да излегува од сред море?”
52. А Он ми одговори и рече: „Како што не можеш да го испиташ и да го познаеш она што е во морската длабочина, така никој на земјата не може да го види Мојот Син, ниту оние што се со Него, освен во времето на Неговиот ден.
53. Еве ти го толкувањето на сонот што го виде, преку кој само ти овде си просветен.
54. Ти си ги оставил своите дела, и си го извршувал Мојот закон и си го испитувал,
55. бидејќи твојот живот си го уредил мудро, а разумноста си ја нарекол своја мајка,
56. Затоа Јас ти ги покажав наградите од Севишниот; по три дни ќе ти покажам нешто друго и ќе ти откријам нешто важно и чудно.”
57. Тогаш јас појдов и излегов во полето, славејќи го Севишниот и благодарејќи Му многу за чудесата што ги извршуваше одвреме – навреме,
58. и затоа што Он управува со сегашноста и со тоа што ќе настане низ времињата, и таму останав три дена.
14. По вдахновение на Светиот Дух. Ездра напишал деведесет и четири книги.
1. По три дена седев под дабот и, ете, од капината, што беше спроти мене, излезе глас и рече: „Ездра, Ездра!”
2. Јас реков: „Еве ме, Господи”, и се исправив на своите нозе.
3. Тогаш Он ми рече: „Во капина Јас му се открив на Мојсеја и му говорев тогаш кога Мојот народ беше роб во Египет;
4. го испратив и го изведов народот Свој од Египет, го доведов на гората Синај и го држев при себе многу дни;
5. тогаш му открив многу чудеса и му ги покажав тајните на времињата и крајот, му заповедав и му реков:
6. Овие зборови, објави ги, а другите – сокриј ги.
7. А сега ти велам тебе:
8. Знаците што ти ги покажав, и соновите што ги виде и толкувањата што ги слушна, стави ги во своето срце,
9. зашто ти ќе бидеш земен меѓу луѓето и ќе општиш со Мојот Син и со оние што се слични на тебе – додека се свршат времињата.
10. Зашто векот ја изгуби својата младост и времињата се приближуваат кон старост,
11. оти векот е разделен на дванаесет делови, а десетте делови и половината од десеттиот дел веќе изминале,
12. и остана само она што доаѓа по половината по десеттиот дел.
13. И така, сега уреди ја твојата куќа и вразуми го својот народ, утеши ги понизените и откажи се од она што гние,
14. смртните помисли отстрани ги од себеси, отфрли ги човечките тешкотии, симни ги од себеси слабостите на природата и остави ги настрана тешките за тебе помисли – и подготвувај се да се преселиш од тие времиња.
15. Зашто подоцна ќе настанат поголеми неволји, отколку што си ги видел досега.
16. Колку светот слабее од старост, толку повеќе ќе се намножува злото за живите;
17. уште повеќе ќе се оддалечи вистината, и ќе се приближи лагата. Веќе брза да се исполни видението што го имаше.”
18. Тогаш јас одговорив и реков: „Еве, јас сум пред Тебе, Господи;
19. ќе отидам, како Ти што ми заповеда, и ќе го вразумам сегашниот народ. Но кој ќе ги научи оние што подоцна ќе се родат?
20. Зашто светот лежи во темнива, и оние што се во него се без светлина;
21. Твојот закон е изгорен, никој не знае што си направил Ти, нити знаат што треба да прават тие.
22. Но ако сум придобил милост пред Тебе, испрати ми го Светиот Дух, за да напишам сè што било направено во светот од почетокот, она што било запишано во Твојот закон, та луѓето да можат да го најдат патот, и оние, што ќе посакаат да живеат во последните времиња, да можат да живеат.”
23. Он ми одговори и ми рече: „Отиди, свикај го народот и кажи му да не те бара во текот на четириесет дена.
24. а ти приготви повеќе штички за пишување и земи ги со себеси Сарија, Даврија, Салемија, Екана и Асиела, тие петмина вешти брзописци,
25. па дојди овде. Јас ќе го запалам во твоето срце светилото на разумот, кое нема да изгасне сè додека не се сврши она што ќе почнеш да го пишуваш.
26. Кога ќе го свршиш тоа, едно објави, а другото – тајно предај им го на мудрите. Утре во овој час ќе почнеш да пишуваш.”
27. Тогаш отидов како што ми заповеда Он, го свикав сиот народ и му реков:
28. „Израиле, слушај ги овие зборови:
29. нашите татковци беа туѓинци во Египет, но беа оттаму ослободени,
30. го примија законот на животот, кој не го запазија, кој и вие по нив не го запазивте.
31. На вас ви беше дадена земја во наследство и земјата Сион, но вашите татковци и вие вршевте беззаконија и не одевте по патот што ви го заповеда Севишниот,
32. а Он, како праведен судија, сега ви го одзеде она што ви беше дарувал.
33. Сега вие сте овде и вашите браќа се меѓу вас.
34. Ако раководите со вашето чувство, и го поучувате вашето срце, ќе го запазите вашиот живот и по смртта ќе добиете милост.
35. Зашто по смртта ќе настане суд, кога ќе оживееме; тогаш ќе бидат објавени имињата на праведниците и делата на грешниците ќе бидат покажани.
36. Сега никој да не доаѓа при мене и да не ме бара додека не изминат четириесет дена.”
37. Јас ги зедов со себеси петмината мажи, како што ми заповеда Он; отидовме во полето и останавме таму.
38. И ете, во вториот ден извика глас кон мене: „Ездра, отвори ја устат и испиј го она, со што ќе те напојам.”
39. Ја отворив устата и, ете, ми беше подадена полна чаша, наполнета како со вода, но бојата на тоа што беше во чашата прилегаше на оган.
40. Тогаш зедов и се напив; а кога пиев, во срцето ми бликна разум, а во моите гради растеше мудроста, зашто духот мој беше поткрепуван од мојот ум;
41. устата моја беше отворен и веќе не се затвори.
42. Севишниот им даде разум на петмината мажи; тие пишуваа ноќе според она што им се кажуваше, а што тие не го знаеја.
43. Тие јадеа леб ноќе, а јас говорев дење, а и ноќе не молчев.
44. Во четириесетте денови беа напишани деведесет и четири книги.
45. А кога изминаа четириесетте дена,
46. Севишниот рече: „првите книги, што ги напиша ти, изложи ги отворено, за да ги читаат и достојни и недостојни,
47. но последните седумдесет книги запази ги, за да им ги предадеш на мудрите меѓу народот,
48. зашто во нив е проводникот на разумот, изворот на мудроста и реката на знаењето.” Така и направив.
15. Секој што не верува ќе умре во своето неверие.
1. Говори така, та Мојот народ да ги чуе зборовите на пророштвото, што ќе го вложам на твојата уста, вели Господ.
2. и порачај тие да бидат напишани на хартија, зашто се верни вистини.
3. Не плаши се, дека против тебе ќе кројат замисли и да не те вознемирува неверието на оние што говорат против тебе,
4. секој што не верува, ќе умре во своето неверие.
5. Ете, јас ќе испратам, говори Господ, неволји на земјата: меч, глад, смрт и погибел.
6. зашто безбожноста на луѓето ја оскверни целата земја, нивните зли дела премногу се намножија.
7. Затоа Господ рече:
8. нема веќе да молчам за беззаконијата, што тие безбожно ги прават, нема веќе да го трпам она што тие зло прават; ете, невината и праведна крв вика кон Мене, а и душите на праведниците непрестајно викаат кон Мене.
9. Ќе им одмаздам, вели Господ, и ќе ја земам од нив секоја невина крв.
10. Ете, Мојот народ го водат како стадо на колење; нема веќе да трпам тој да живее во Египет,
11. но со силна рака ќе го изведам и со крената мишка ќе го казнам Египет со поразија како порано и ќе ја опустошам целата негова земја.
12. Ќе заплаче Египет, ќе заплачат неговите основи, накажани со помор и одмазда, што ќе му ги испрати Бог.
13. Ќе заплачат земјоделците, што ја обработуваат земјата, зашто нивните семиња ќе бидат уништени од гламја и страшна ѕвезда.
14. Тешко му на светот и на оние што живеат во него,
15. зашто се приближи мечот и нивното истребување; ќе се дигне народ против народ за војна и мечот е веќе во нивните раце,
16. Луѓето ќе станат непостојани, едни со други ќе се победуваат, ќе почнат да не се грижат за својот цар, а началниците за текот на работите, што се под нивна власт.
17. Ќе посака човек да појде в град, и не ќе може,
18. зашто, поради нивната гордост, ќе востанат градовите, нивните куќи ќе бидат разурнати, а луѓето ќе бидат опфатени од страв.
19. Нема да се смилува човек над своите ближни, предавајќи ги нивните куќи на разурнување со оружје, разграбувајќи го нивниот имот поради глад и многуте тешкотии.
20. Ете, Јас ги повикувам, говори Господ, сите земни цареви – од исток и југ, од север и
Ливан, да се уплашат од Мене, да дојдат на себеси, за да ги казнам за она што тие им правеа на другите.
21. Како што постапуваат тие со Моите избраници, така и Јас ќе постапам со нив; ќе им го вратам тоа во нивна пазува, вели Господ Бог.
22. Десницата Моја нема да ги поштеди грешниците и мечот Мој нема да престане да ги убива оние што пролеваат невина крв.
23. Ќе излезе оган од неговиот гнев и ќе ги уништи основите на земјата, и грешниците – како запалена слама.
24. Тешко им на грешниците и на оние што не ги исполнуваат Моите заповеди! вели Господ.
25. Нема да ги поштедам. Бегајте од Мене синови отстапници, не осквернувајте ја Мојата светиња.
26. Господ ги знае сите што грешат против Него; затоа ги предаде на смрт и на убивање.
27. На земјината топка веќе започнаа маките; вие во нив ќе останете. Бог нема да ве избави, зашто згрешивте пред Него.
28. Еве, страшно видение, а неговото лице е од Исток.
29. Ќе излезат рожби на арабиските змии врз многу бојни коли, брзи како ветар, што ќе се прошират по земјата; ќе внесат страв и трепет кај сите што ќе чујат за нив.
30. Ќе излезат како диви свињи од Кармонскат гора, разбеснети во својата жестина; тие ќе дојдат со голема сила и ќе стапат во борба со нив.
31. Потоа змиите, спомнувајќи си за своето потекло и имајќи голема сила, ќе победат и ќе се свртат да ги гонат оние.
32. Тие ќе се збркаат, ќе молкнат пред нивната сила и ќе ги свртат нозете свои во бегство.
33. Но сокриениот во заседа од страна на Асиријците ќе ги заобиколи и ќе убие еден од нив; во нивната војска ќе се појави страв и трепет, како и негодување против нивните цареви.
34. Еве облаци од исток и од север до југ; видот им е многу страшен, полн со жестокост и бура.
35. Тие ќе се судрат едни со други и многу ѕвезди ќе паднат на земјата; ќе падне и нивната ѕвезда, а од меч ќе биде пролеана крв дури до утробата,
36. и гној човечки ќе достигне дури до седлото на камилата; страв и голем трепет ќе има по земјата.
37. Ужас ќе ги опфати сите, што ќе го видат тој гнев, и ќе затреперат.
38. Потоа многупати ќе се издигнуваат бури од југ и од север, а понекогаш и од запад.
39. Силни ветрови ќе се кренат од исток и ќе го откријат и облакот, што го подигнав Јас во Својот гнев; а ѕвездата, што е одредена да внесува страв кога дува источен и западен ветар, ќе се повреди.
40. И ќе се подигнат облаци, големи и силни, полни со свирепост, ќе се подигне и ѕвезда, за да ја уплаши земјата и нејзините жители, па ќе ја излијат таа страшна ѕвезда на секое високо и возвишено место;
41. оган и град, мечеви што летаат и многу води, за да ги наполнат сите полиња и сите извори со множество води;
42. ќе ги покријат со вода и градот и ѕидините, горите и ридовите, дрвјата во горите, тревата во ливадите и нивните житни растенија;
43. и ќе поминат, а да не се сопираат, до Вавилон и ќе го уништат;
44. ќе се соберат кај него и ќе го опседнат; против него ќе ја излејат ѕвездата и сета јарост врз него. И ќе се крене прав и дим до самото небо, и сите наоколу ќе го оплакуваат.
45. А оние што ќе останат подвластени под него, ќе им служат на оние што внесоа страв.
46. И ти, Азијо, соучесничко во надежта и славата на Вавилон,
47. тешко ти и горко ти што си станала слична на него, што си ги украсувала своите ќерки со блуд, за да им се допаѓаат на своите љубени и да бидат славни пред нив, на оние кои отсекогаш сакале да вршат блуд со тебе.
48. Ти се угледа на замразениот во сите негови дела и преземања.
49. Затоа, вели Господ, ќе испратам врз тебе зла: вдовство, сиромаштија и глад, меч и рана, за да бидат опустошени твоите куќи со насилство и смрт.
50. Славата на твојата сила ќе се исуши како цвет – кога ќе настане жега, испратена врз тебе.
51. Ќе изнемогнеш како просјачка, биена и покриена со рани од другите жени, за да не можат да те примат големи луѓе и миленици.
52. Сакав ли да те мразам така, вели Господ,
53. ако ти не беше ги убивала Моите избрани во секое време, кревајќи раце да ги убиваш и лажно жалеше над нивната смрт тогаш кога беше пијана.
54. Украсувај го твоето лице;
55. наградата за твојот блуд е во твојата пазува; затоа ти ќе добиеш казна.
56. Како што постапуваше со Моите избраници, вели Господ, така со тебе ќе постапи Бог;
57. твоите деца од глад ќе загинат, ти ќе паднеш од меч, твоите градови ќе бидат уништени и сите твои ќе паднат од меч на бојното поле,
58. а оние што се по горите ќе загинат од глад и ќе јадат од своите меса поради недостиг на леб и ќе пијат крв поради немање вода.
59. Во својата немоќ ќе појдеш по морињата, но и таму ќе сретнеш неволји.
60. Додека ти ќе талкаш по туѓите земји, тие ќе навлезат во твојот опустошен град и ќе уништат еден дел од твојата земја, ќе уништат и еден дел од твојата слава.
61. Разурната, ти ќе бидеш за нив слама, а тие за тебе ќе ти бидат оган;
62. тие ќе те уништат тебе, и твоите градови, и твојата земја, и твоите гори, и сите твои шуми и плодните дрвја со оган ќе ги изгорат;
63. синовите твои во ропство ќе ги одведат, имотот твој ќе ти го ограбат и славата твоја ќе ја уништат.
16. Бог знае си.
1. Тешко ти на тебе, Вавилоне и Асијо, тешко ти Египте и Сиријо!
2. Препашете се со кострет и власеница, оплакувајте ги вашите синови и тажете, зашто се приближи денот на вашата погибел.
3. Врз вас е испратен меч, кој ќе го отклони?
4. Врз вас е испратен оган, кој ќе го угасне?
5. Врз вас се пратени зла, кој ќе ги отстрани?
6. Ќе отера ли некој гледен лав во гората, ќе згасне ли за миг оган во слама, што почнал
да гори?
7. Ќе отфрли ли некој стрела, што е пуштена од силен стрелец!
8. Силниот Господ ги испраќа бедните и кој ќе ги отстрани?
9. Од неговиот гнев оган излегува, кој ќе го угасне?
10. Он со молскавица ќе болсне, кој нема да се уплаши ќе загрми и кој нема да затрепери?
11. Господ ќе се закани, кој нема да се уплаши од Неговото лице?
12. Се затресе земјата, и незјините основи; морето се возбранува од своето дно; вознемирени се и брановите и рибите – од лицето на Господа и од големината на Неговата сила.
13. Зашто десницата Негова е силна, која го затегнува лакот и остри се стрелите Негови што ги испушта; нема да ослабнат кога се испуштени дури до краиштата на земјата.
14. ете, зла се испраќаат, и нема да се вратат си додека не дојдат на земјата.
15. Пламнува оган, и нема да се изгасне, си додека не ги изгори основите на земјата.
16. Како стрела, исфрлена од силен стрелец, што не се враќа, така не ќе се вратат ни маките, што ќе бидат испратени на земјата.
17. Тешко ми, горко ми! Кој ќе ме избави во оние дни?
18. Ќе почнат болести, и многумина ќе офкаат; ќе настане глад, и многумина ќе умираат; ќе започнат војни, и страв ќе ги опфати властите; ќе почнат неволјите и сите ќе се растреперат.
19. Што ќе правам кога ќе наидат невојлите?
20. ете, гладот и раната, тагата и измачувањата се испратени како бичеви за поправка.
21. Но и покрај сето тоа, луѓето нема да се одвратат ос своите беззаконија и за бичевите нема секогаш да си спомнуваат.
22. Ете, на земјата ќе настане ефтинија на си, и ќе помислат дека настанал мир, но токму тогаш тешкотии ќе ја постигнат земјата: меч, глад и голема бркотија.
23. Од глад ќе загинат големо множество жители на земјата, а оние што ќе преживеат од глад, ќе загинат од меч.
24. Труповите ќе бидат исфрлани како ѓубре; не ќе има кој да ги оплакува, зашто земјата ќе запустее и градовите нејзини ќе бидат разурнати.
25. Нема да остане кој да ја обработува и засејува земјата.
26. Дрвјата ќе раѓаат овошје, но кој ќе го бере?
27. Грозјето ќе узрее, но кој ќе го гмечи? Зашто насекаде ќе биде голема опустошеност.
28. Тешко ќе може човек да чуе друг човек, да го чуе неговиот глас,
29. зашто од жителите на градот нема да останат повеќе од десет души, а во селото двајца, оние што се сокриле во густи шуми или во процепи од карпи.
30. Како што во маслиновата градина некојпат оставаат на дрвјата три – четири маслинки,
31. или како што во обрано лозје, оние што берат невнимателно ќе согледаат неколку несобрани грозда,
32. така во оние дни ќе останат двајца или тројца, кога ќе ги претресуваат нивните куќи со меч.
33. Земјата ќе запусти; нивите нејзини во плевел ќе обраснат, патиштата и сите нејзини патеки ќе обраснат со трња, зашто не ќе има кој да оди по нив.
34. Моми ќе плачат, оти не ќе имаат свршеници; жени ќе плачат зашто нема да имаат мажи; нивните ќерки ќе плачат, бидејќи не ќе има кој да им помага.
35. Свршениците нивни ќе бидат убиени во војна, а мажите нивни ќе загинат од глад.
36. Слуги на Господа, слушајте го ова и вразумувајте се!
37. Ова е словото на Господа, примете го и не верувајте им на боговите, за кои ви рече Господ.
38. Еве, маките се приближија и нема да задоцнат.
39. Како што бремената жена, кога на деветтиот месец ќе ѝ дојде времето да роди син, два или три часа до раѓањето нејзината утроба ја обземаат болки, а откако младенецот излезе од утробата, болките не продолжуваат ни еден миг потоа,
40. така и неволјите нема да задоцнат, за да дојдат на земјата; луѓето од тоа време ќе заофкаат; ќе ги обземат болки.
41. Слушај ги овие зборови, народе мој; приготвувајте се за војна и среде неволји – бидете како туѓинци на земјата.
42. Оној што продава, нека биде како да се приготвува да бега, а оној што купува како оној што се приготвува за смрт;
43. трговецот – како да не очекува никаква придобивка, а оној што гради куќа – како да не се надева да живее во неа.
44. Сејачот нека мисли – дека нема да жнее, а лозарот – дека нема да бере грозје.
45. Оние што се женат и што се мажат – дека нема да раѓаат деца, а оние што не се женат – дека ќе бидат како вдовци.
46. Затоа, сите што се трудат, залудо се трудат.
47. Зашто од плодовите на нивниот труд туѓинци ќе се ползуваат, нивниот имот ќе го разграбаат, куќите нивни ќе ги урнат и синовите нивни ќе ги заробат, бидјќи тие ќе ги раѓаат своите деца во ропство и во глад.
48. Оние што се занимаваат со грабеж, колку подолго време ги украсуваат своите градови и своите куќи, своите имоти и своите лица,
49. толку повеќе ќе ги намразам заради нивните гревови, вели Господ.
50. Како блудница што мрази честита и високо морална жена,
51. така и правдата ќе ја намрази неправдата, која се украсува и ќе ја обвини право в лице, кога ќе дојде Оној, Кој ќе го брани гонителот за секој грев на земјата.
52. Затоа не угледувајте се на неправдата и на нејзините дела,
53. зашто уште малку и неправдата ќе биде исфрлена од земјата, а правдата ќе се зацари над вас.
54. Грешникот да не вели дека тој не згрешил, зашто распалени јаглења ќе пламнат на главата на оној што говори: „Јас не сум згрешил пред Господа Бога и слава Му!
55. Господ ги знае сите дела на луѓето и нивните замисли, помислите на нивното срце.
56. Он рече: „Нека биде земја”, и земја се појави, и „Нека биде небо” и стана.
57. Преку Неговиот збор ѕвездите се создадени; Он го знае нивниот број.
58. Он ги гледа бездните и она што е сокриено во нив; го измерил морето и она што е во него.
59. Преку Својот збор Он го затвори морето и земјата ја постави да лебди над водите.
60. Он го рашири небото како шатор, го основа врз води.
61. Он создаде во пустињата водни извори и езера – на горските височини, за да течат реките од високи карпи, та да ја напојуваат земјата.
62. Он го создаде човекот и срцето му го стави среде неговото тело; во него вложи дух, живот и разум,
63. и дишењето е од Сесилниот Бог, Кој создал сè и гледа сè што е сокриено во земните скривалишта.
64. Он ја знае вашата намера, знае што мислите во вашите срца, кога грешите и сакате да ги сокриете вашите гревови.
65. Затоа Господ сосема јасно ги гледа сите ваши дека и сите ќе ве изобличи.;
66. ќе бидете посрамени кога вашите гревови ќе бидат откриени пред луѓето; вашите беззаконија ќе застанат како обвинители во оној ден.
67. Што ќе направите и како ќе ги сокриете вашите гревови пред Бога и пред Неговите ангели?
68. Ете, Бог е Судија, од Него плашете се; оставете ги вашите гревови и засекогаш престанете да вршите беззаконија, и Бог ќе ве изведе и ќе ве избави од секоја мака.
69. Зашто, ете, против вас ќе се разгори јароста на многубројните војски, и ќе се фатат неколкумина од вас и ќе ве заколат за жртвен принос на идолите.
70. Оние, што ќе бидат нивни едномисленици, ќе ги изложат на подбив, на бесчестие и на понижување.
71. Бидејќи во сите места и во соседните градови многумина ќе станат против оние што имаат страв од Господа;
72. ќе бидат избезумени, ќе разграбуваат не штедејќи никого и ќе опустошуваат сè што има кај оние кои се плашат од Господа;
73. ќе го опустошат и ќе го разграбат нивниот имот и ќе ги изгонат од нивните домови.
74. Тогаш ќе настане искушение за Моите избраници, како злато што се проверува преку оган.
75. Слушајте возљубени Мои, Господ говори: ете, пред вас стојат денови на жалост, а од нив Јас ќе ве избавам.
76. Не плашете се и не сомневајте се, зашто Бог е вашиот водач.
77. Ако ги исполнувате Моите заповеди и повелби, вели Господ Бог, вашите гревови нема да бидат товар, под кој ќе бидете притиснати и беззаконијата ваши нема да ве победат.
78. Тешко им на оние, кои се врзани со своите гревови и покриени со своите беззаконија!
79. Тоа е нива обрасната со грмушки, низ кој патот е покриен со трња, така што не може човек да помине: таа се напушта и ме се предава на огнот да ја исчисти.