1. Царот Кир им дозволува на Јудејците да се вратат од ропството поради сидање храм.
1. Во првата година на персискиот цар Кир, за да се исполни словото Господово од устата на Јеремија, го возбуди Господ духот на Кира, персискиот цар, и тој заповеда да прогласат по целото царство, усно и писмено:
2. вака вели Кир, царот персиски: “Господ, Бог небесни, ми ги даде сите земни царства и ми заповеда да му изградам дом во Ерусалим што е во Јудеја.
3. Кој меѓу сите вас е од Неговиот народ, – Бог нека биде со него, и нека оди во Ерусалим, кој е во Јудеја, да гради дом на Господа, Бога Израилев, на оној Бог, Кој е во Ерусалим.
4. А сите, што останале во другите места, каде и да живее тој, нека му помогнат жителите од тоа место со сребро, со злато, со друг имот, со добиток и доброволни прилози за Божјиот дом, кој е во Ерусалим.
5. Тогаш станаа кнезовите на племињата Јудини и Венијаминови, свештениците и левитите, секој, чиј дух го возбуди Господ, да одат да го градат Господовиот дом, кој е во Ерусалим.
6. И сите нивни соседи им помагаа со сребрени садови, со злато, со друг имот и со добиток и со скапи предмети, покрај доброволните прилози за храмот.
7. А царот Кир ги извади садовите на Господовиот дом, што Навуходоносор ги беше одзел од Ерусалим и ги беше поставил во домот на својот бог,-
8. ги изнесе Кир, царот персиски, со раката на Митридат, ризничар, а тој ги предаде под број на Сасавасар, кнез Јудин.
9. И еве го бројот нивни: златни чинии – триесет, сребрени чинии – илјада, ножеви – дваесет и девет.
10. златни чаши – триесет, сребрени чаши, двојни – четирисротини и десет, други садови –
илјада;
11. вкупно садови, златни и сребрени, – пет илјади и четиристотини. Сето тоа го зеде со себе си Сасавасар, кога преселниците тргнаа од Вавилон за Ерусалим.
2. Список на Јудејците повратници од ропството.
1. Еве ги синовите од земјата преселените пленици, кои вавилонскиот цар Навуходоносор ги беше одвел во Вавилон, а кои се вратија во Ерусалим и Јудеја, секој во својот град,
2. И кои дојдоа со Зоровавела, Исуса, Неемија, Сараија, Реелија, Мардохеја, Виласана, Мисфара, Вагуја, Ретума,. Еве го бројот на луѓето од народот Израилев:
3. синови Фаресови – две илјади и сто и седумдесет и двајца;
4. синови Сафатиеви – триста и седумдесет и двајца;
5. синови Аресови – седумстотини и седумдесет и пет;
6. синови Фат-Моавови – од синовите Исусови и Јоавови – две илјади и осумстотини и дванаесет;
7. синови Еламови – илјада и двесте и педесет и четири;
8. синови Затуеви – деветстотини и четириесет и пет;
9. синови Закхаеви – седумстотини и шеесет;
10. синови Вануеви – шестотини и четириесет и двајца;
11. синови Веваеви – шестотини и дваесет и тројца;
12. синови Авгадови – илјада и двесте и дваесет и двајца;
13. синови Адоникамови – шестотини и шеесет и шест;
14. синови Вагуеви – две илјади педесет и шест;
15. синови Адинови – четиристотини и педесет и четири;
16. синови Атирови – од домот Езекиев, – деведесет и осум;
17. синови Васуеви – триста и дваесет и тројца;
18. синови Јоравови – сто и дванаесет;
19. синови Асумови – двесте и дваесет и тројца;
20. синови Гаверови – деведесет и пет;
21. родени во Витлеем – сто И дваесет И тројца;
22. синови Нетофаеви – педесет И шест;
23. жители од Анатот – сто дваесет И осум;
24. родени во Азмот – четириесет и двајца;
25. родени во Киријат-Јарим, Хафир и Вирот – седумстотини четириесет и тројца;
26. родени во Рама и Гаваја – шестотини и дваесет и еден;
27. жители од Махмас – сто и дваесет и двајца;
28. жители од Ветил и Гај – двесте и дваесет и тројца;
29. родени во Нави – педесет и двајце;
30. родени во Магевис – сто и педесет и шест;
31. синови Иламарови – илјада и двесте и педесет и четири;
32. синови Ирамови – триста и дваесет;
33. родени во Лода, Адид И Оно – седумстотини и дваесет и пет;
34. родени во Јерихон – триста четириесет и пет;
35. родени во Сенаеви – три илјади и шестотини и триесет;
36. Свештеници: синови Једуеви од домот Исусов – деветстотини и седумдесет и тројца;
37. синови Емирови – илјада и педесет и двајца;
38. синови Фасурови – илјада и двесте и четириесет и седум;
39. синови Иремови – илјада и седумнаесет;
40. Левити: синови на Исуса и Кадмиила, од синовите Одуеви – седумдесет и четири;
41. певци: од синовите Асафови – сто и дваесет и осум;
42. синови на вратари: синови Селумови, синови Атирови, синови Темиунови, синови Акувови, синови Атитови, синови Соваеви – вкупно сто и триесет и девет.
43. Натиневи: синови Суваеви, синови Суфатови, синови Таваотови,
44. синови Кирасови, синови Сирсавови, синови Фадонови,
45. синови Јаванови, синови Агавови, синови Акувови,
46. синови Агавови, синови Селмиеви, синови Ананови,
47. синови Геделиеви, синови Гарови, синови Раеви,
48. синови Расонови, синови Некодови, синови Раземови,
49. синови на Уза, синови Фасиеви, синови Расинови,
50. синови Асенаеви, синови Мунинови, синови Нефусимови,
51. синови Вакукови, синови Ануфаеви, синови Анурови,
52. синови Васалотови, синови Миданови, синови Арсанови,
53. синови Варкосови, синови Сисарови, синови Темамови,
54. синови Надиеви, синови Атифови,
55. синови на Соломоновите слуги: синови Сотаеви, синови Сефирови, синови Фадурови,
56. синови Јалеви, синови Дерконови, синови Гиделови,
57. синови Сафатиеви, синови Атилеви, синови Фахератови, синови Асевоимови, синови Имееви,
58. вкупно Нетинејци и синови на Соломоновите слуги – триста и деведесет и двајца.
59. А еве ги излезените од Телмелех, Тел-Арис, Херув, Идан, Емир, кои не можеа да го покажат ни поколението свое, ни родот свој – дали се од Израилот;
60. синови Делаиеви, синови Товиеви, синови Некодаеви – шестотини педесет и двајца
61. А од синовите свештенички: синови Оваиеви, синовите Акусови, синовите Верзелаеви, кој се ожени со една од ќерките на Галадецот Верзелаја и почна да се именува со нивно име.
62. Тие го бараа својот родословен запис, и не го најдоа, затоа беа исклучени од свештенството.
63. И Атерсат им рече да не јадат од големата светиња, додека не се издигне свештеник со урим и тумим.
64. Целото општество заедно се состоеше од четириесет и две илјади и триста и шеесет души,
65. освен слугите нивни, кои беа седум илјади и триста и триесет и седум; и при нив – двесте певци и певици;
66. коњи имаа седумстотини и триесет и шест, маски – двесте четириесет и пет,
67. камили имаа четиристотини и триесет и пет, осли – шест илјади и седумстотини и дваесет.
68. Некои од старешините на домовите, откако ќе дојдеа при домот Господов, кој е во Ерусалим, со драго срце даруваа за домот божји, за да се обновиврз основите негови.
69. Колку што им достигаше раката, тие дадоа во сокровишницата за работа шеесет и една илјада драхми злато, и пет илјади мнаси сребро и сто свештенички одежди.
70. Така се населија пак и свештениците и левитите, и народот и певците, и вратарите и Нетинејците, и целиот Израил во градовите свои.
3. Подигање жртвеник за сепаленици.
1. Кога настапи седмиот месец, и синовите Израилеви веше беа по градовите, народот се собра како еден човек во Ерусалим.
2. Тогаш стана Исус, синот Јосадеков, и браќата негови, свештеници, и Зоровавел, синот Салатилов, и браќата негови, и му изградија на Бога Израилев жртвеник, за да принесуваат на него сепаленици, како што е пишано во законот на Мојсеја, човекот Божји.
3. Го поставија жртвеникот врз основите негови, бидејќи се плашеа од другоземните народи; и почнаа да принесуваат на него сепаленици на Господа, сепаленици утрени и вечерни.
4. И го празнуваа празникот Сеници, како што беше заповедано, со секојдневните сепалениси во определен број според уставот за секој ден.
5. Потоа редовно принесуваа сепаленици и во новомесечијата, и во сите празници, посветени на Господа, како и доброволни приноси на Господа од секого, кој што сакаше.
6. А од првиот ден на седмиот месец почнаа да му принесуваат сепаленици на Господа. Но на Господовиот храм уште не му беа поставени темелите.
7. И почнаа да даваат пари на каменоделци и дрводелци, и јадење, пиење и масло на Сидонци и Тирци, за да донесат кедрово дрво од Ливан по море во Јафа, со дозвола од Кира, царот персиски.
8. На втората година по доаѓањето во домот Господов во Ерусалим, на вториот месец, Зоровавел, синот Јоседеков, и другите нивни браќа, свештениците и левитите, и сите, што беа дошле од пленство во Ерусалим, ставија почеток и поставија левити од дваесет години и нагоре, што ќе ги надгледуваат работите при домот Господов.
9. И се зафатија Исус, синовите негови и браќата негови, Кадмил и синовите негови, – синови Јудини – како еден човек за да ги надгледуваат работниците при домот Господов, а исто така и синовите Инададови, синовите нивни и браќата нивни – левитите.
10. Кога ѕидарите ги положија основите на храмот Господов, поставија свештеници, со одеждите нивни и со труби, и левити – синови Асафови – со кимвали, за да го слават Господа по уставот на Давида, царот Израилев.
11. И почнаа да пејат по ред “хвалете: и “славете Го Господа”, “зашто е благ, зашто милоста Негова кон Израила е до века.” И сиот народ воскликнуваше громогласно, славејќи Го Господа поради тоа што беа поставени темелите на Господовиот дом.
12. Меѓутоа, мнозина свештеници и левити и старешините на родовите, старци, кои го беа виделе поранешниот храм, кога се градеше новиот храм пред очите нивни, плачеа гласно, но мнозина и подвикнуваа силно од радост.
13. И народот не можеше да ги разликува радосните извици од плачот на народот, зашто нароот викаше силно и гласот негов се слушаше надалеку.
4. Пречки во градењето на храмот.
1. Непријателите Јудини и Венијаминови слушнаа дека вратените од пленство градат храм на Господа, Бога Израилев;
2. и дојдоа тие при Зороавела и при кнезовите на родовите и им рекоа: “Ќе градиме и ние со вас, зашто и ние како вас прибегнуваме кон вашиот Бог, и Нему Му принесуваме жртви од дните на Асардана, асирскиот цар, кој ни пресели овде.”
3. Им одговорија Зороавел, Исус и другите кнезови на родовите израилски: “Не бива да градите заедно со нас дом на нашиот Бог; ние сами ќе градиме дом на Господа, Бога Израилев, како што ни заповеда Кир, царот персиски.”
4. Тогаш народот на онаа земја зеде да им ги ослабува рацете на јудејскиот народ и да му пречи во градењето;
5. и поткупуваа советници против нив, за да ја расипуваат намерата нивна за сите дни на Кира, царот персиски, до царувањето на Дарија, цар персиски.
6. А во царувањето на Артаксеркса – во почетокот на царувањето негово – напишаа обвинение против жителите на Јудеја и на Ерусалим.
7. Исто така во дните на Артаксеркса пишуваа и Бислам и Митридат, и Гавеил и други нивни другари до Артаксеркса, царот персиски. Писмото беше напишано со сириско писмо и на сириски јазик.
8. Реум, старешина на Сампса, писар, напишаа вакво писмо против Ерусалим до царот Артаксеркс:
9. “Тогаш и тогаш, Реум и другите нивни другари, – Динејците, Афарсалутејците, Тарфалејците, Арфацејците, Архиејците, Вавилонците, Сусанахејците, Савејците, Еламитите
10. и други народи, што ги пресели големиот и славниот Асенафар и ги насели во градовите самариски и во другите градови од онаа страна на реката, и други народи.
11. Еве препис од писмото, што му го испратија нему – до царот Артаксеркс, твоите слуги, луѓето, што живеат од онаа страна на реката итн.
12. Да знаеш, царе, дека Јудејците, што излегоа од тебе и дојдоа при нас во Ерусалим, тој бунтован и лош град, прават ѕидови, чии темели веќе ги поправија.
13. Но да знаеш, царе, дека, ако тој град биде изграден и ѕидиштата негови обновени, тие нема да плаќаат ни данок, ни плодови, ни царина, и царската ризница ќе има загуба.
14. А бидејќи јадеме сол од царскиот дворец, и ние можеме да ја гледаме таа загуба за царот, затоа испраќаме известување до царот.
15. Нека се побара во книгата на спомените на татковците твои, – и ќе се најде во таа книга на спомени и ќе се дознае дека овој град е град одметник и пакостен за царевите и областите и дека во него настанувале бунтови во старо време, поради што овој град бил опустошен.
16. Затоа му соопштуваме на царот, дека, ако овој град биде изграден и ѕидиштата негови поправени, потоа нема да имаш владеење од онаа страна на реката.”
17. Царот му испрати одговор на Реума, старешината, Валтам и на Сампфа, писарот, и на другите нивни другари, што живеат во Самарија и во другите градови од онаа страна на реката: Мир…итн.
18. “Писмото, што ми го испративте, ми беше јасно прочитано;
19. и јас заповедав, – и бараа и најдоа, дека овој град уште од старо време се бунтувал против царевите, и во него настанувале одметнувања и буни,
20. и дека во Ерусалим имало силни цареви, кои владееле во целата задречна област и кои земале данок, летнина и царина.
21. И така, дајте заповед, тие луѓе да престанат да работат, и тој град да не се гради, додека не заповедам јас.
22. Бидете внимателни, за да не испуштите нешто од пред очите свои. Зошто да се дозволува да расте злото на штета на царевите?”
23. Штом писмото на царот Артаксеркс беше прочитано пред Реума и Сампфа, писарот, и другарите нивни, тие без одлагање отидоа во Ерусалим при Јудејците и со силно вооружена рака им ги забранија работите.
5. Пророкувањето на Агеја и Захарија.
1. Но пророкот Агеј и пророкот Захарија, син Адов, им пророкуваа на Јудејците во Јудеја и во Ерусалим во името на Бога Израилев.
2. Тогаш станаа Зоровавел, синот Салатилов, и Исус, синот Јосадеков, и почнаа да градат Божји дом во Ерусалим, и со нив Божјите пророци, кои што ги поддржуваа.
3. Во тоа време дојдоа при нив Татнај, кнезот од оваа страна на реката, и Сатар-Вузанај, со другарите свои, и им рекоа вака: “Кој ви дозволи да го градите овој дом и да ги поправате овие ѕидишта?”
4. Тогаш ние им ги кажавме имињата на луѓето, што ја градеа таа зграда.
5. Но окото на нивниот Бог беше врз старешините Јудејски, и тие не им се заканија, додека работата не отиде до Дарија, и додека не дојде решение за таа работа.
6. Еве ја содржината на писмото, што го испрати Татнај, задречен кнез, и Сатар-Вузанај со другарите свои – Афарсахејци, од онаа страна на реката, до царот Дарија.
7. Во соопштението, што го испратија до него, еве што беше напишано: “До царот Дариј – секаков мир!
8. Да знаеш, цару, дека ние бевме во Ерусалимската област при домот на великиот Бог; го градат со големи камења, а во ѕидиштата ставаат дрвја; таа работа врви брзо и успева во рацете нивни.
9. Тогаш ги прашавме нивните старешини и им рековме вака: »Кој ви дозволи да го градите овој дом и да ги поправате овие ѕидови?«
10. Освен тоа, ги прашавме и за имињата нивни, за да ти јавиме и да ти го напишеме името на главниот меѓу нив.
11. Тие ни одговорија со овие зборови: »Ние сме слуги на Бога на небото и земјата и градиме дом, што беше изграден многу години пред тоа, – а великиот цар Израилев го градеше и го доврши.
12. А кога татковците наши го разгневија Бога небесен, Он ги предаде во раката на Навуходоносора, царот вавилонски, Халдеец; тој го разруши овој дом и го пресели народот во Вавилон.
13. Но во првата година на Кира, царот вавилонски, цар Кир дозволи да се изгради овој дом Божји;
14. уште и садовите на Божјиот дом, златни и сребрени, што Навуходоносор ги беше земал од ерусалимскиот храм, па ги беше однел во вавилонскиот храм, – цар Кир ги изнесе од вавилонскиот храм и ги даде со број на Саванасар, управникот на ризницата,
15. и му рече: – земи ги тие садови, и однеси ги во ерусалимскиот храм, и Божјиот дом нека се гради на своето место.
16. Тогаш овој Саванасар дојде и ги постави темелите на Божјиот дом во Ерусалим; оттогаш па досега се гради и уште не е завршен.
17. И така, ако му е угодно на царот, нека се побара во домот на царските скровишта, таму во Вавилон, дали навистина цар Кир дозволил да се гради овој дом Божји во Ерусалим, и нека ја испратат царската волја за тоа.”
6. Царот Дариј наредува храмот да се доврши.
1. Тогаш царот Дариј издаде заповед, и бараа во Вавилон и во книжницата, каде што ги ставаа вредностите.
2. И најдоа во Екбатан, во дворецот, кој е во областа Мидија, еден свиок, и во него беше напишано вака: »Да се помни:
3. во првите години на царот Кир, царот Кир издаде заповед за домот Господов во Ерусалим: да се гради дом на она место, каде што принесуваат жртви, и нека му се постават здрави темели; висината негова – шеесет лакти, ширината негова – шеесет лакти;
4. три реда големи камења, еден ред дрвја; а трошоците нека се плаќаат од царскиот дом.
5. Уште и садовите на Божјиот дом, златни и сребрени, што Навуходоносор ги изнесол од ерусалимскиот храм и ги однел во Вавилон, нека се вратат и однесат во ерусалимскиот храм и да бидат наместени во Божјиот дом, секој на свое место.
6. Затоа, Татанај, задречен и Сатај-Вузанај, со другарите свои Афарсакејци од зад реката, – отстранете се оттаму!
7. Не запирајте ја работата на Божјиот дом; јудејскиот кнез и јудејските старешини нека го градат оној Божји дом на местото негово.
8. И од мене се дава заповед, со што треба да им помагате на тие старешини јудејски во градбата на овој дом Божји, односно: од царскиот имот – од данокот на задречната земја, давајќи им на тие луѓе, за да не се запира работата;
9. и колку што треба – телиња ли, овни или јагниња за сепаленици на Бога небесен, исто така и пченица, сол, вино и масло, според она како што ќе кажат свештениците ерусалимски, нека им се дава секој ден без прекин,
10. та да принесуваат благопријатни жртви на Бога небесен, и да се молат за животот на царот и синовите негови.
11. Заповедам уште – кој човек ќе ја измени оваа наредба, да извадат греда од куќата негова, да го издигнат и приковаат на неа, а куќата негова поради тоа да се претвори во урнатини.
12. И Бог, Чие име престојува таму, да го собори секој цар и народ, што ќе протегне рака да го измени ова за штета на тој дом Божји во Ерусалим. Јас, Дариј, ја дадов оваа заповед; да биде точно исполнувана!”
13. Тогаш Татанај, задрениот кнез, Сатар-Вузанај и другарите нивни, постапуваа точно онака, како што заповеда царот Дариј.
14. И Јудејските старешини градеа и успеваа според пророштвото на пророкот Агеј И Захарија, синот на Ада. Изградија и завршија според волјата на Бога Израилев и според волјата на Кира, Дарија и Артаксеркса, цареви персиски.
15. Завршен беше овој дом на третиот ден од месец Адар, во шестата година од царувањето на царот Дарија.
16. И синовите Израилеви, свештениците, левитите и други, што се беа вратиле од пленство, со радост го извршија осветувањето на тој Божји дом.
17. И принесоа на осветувањето на тој Божји дом: сто вола, двесте овни, четиристотини јагниња и дванаесет кози како жртва за грев и за целиот Израил, според бројот на колената
Израилеви.
18. И поставија свештеници според чиновите нивни и левити според родовите нивни за Божја служба во Ерусалим, како што беше заповедано во книгата Мојсеева.
19. Потоа вратените од пленство прославија Пасха во четиринаесеттиот ден на првиот месец,
20. зашто свештениците и левитите се беа очистиле, – тие сите до еден беа чисти; и заклаа пасхални јагниња за сите вратени од пленство, за своите браќа свештеници и за себеси.
21. И јадеа синовите Израилеви, што се беа вратиле од преселувањето, и сите, што се беа откажале од нечистотијата на земните народи, за да прибегнат кон Господа, Бога Израилев.
22. А го празнуваа со радост и празникот бесквасници седум дена, зашто Господ ги зарадува и го сврти кон нив срцето на асирскиот цар, за да ги поткрепи рацете нивни при градењето на домот на Господа, Бог Израилев.
7. Ездра со допуштање на царот Артаксеркс одново воведува служба Божја.
1. По тие настани, во царувањето на Артаксеркса, царот персиски, Ездра – синот Сареов, син на Азарија, син на Хелкија,
2. син на Селума, син на Садока, син на Ахитува,
3. син на Самарија, син на Азарија, син на Мареота,
4. син Зараиев, син Езеев, син Вокиев,
5. син Ависуев, син Финесов, син Елеазаров, син на првосвештеникот Арона,-
6. тој Ездра излезе од Вавилон. Тој беше книжник и го знаеше законот Мојсеев, даден од Господа, Бога Израилев. Царот му даде си по желбата негова, зашто раката на Господа, неговиот Бог, беше над него.
7. Со него отидоа во Ерусалим и некои синови Израилеви, и свештеници, и левити, и певци, и вратари, и Нетинејци во седмата година на царот Артаксеркс.
8. Тој дојде во Ерусалим во петтиот месец, во седмата година на царот.
9. Бидејќи во првиот ден од првиот месец беше почнало излегувањето од Вавилон, а во првиот ден од петтиот месец тој дојде во Ерусалим: благодатната рака на неговиот Бог беше над него.
10. Зашто Ездра го беше управил срцето свое да го изучува законот Господов и да го извршува и да го учи Израилот во законите и уредбите.
11. Еве ја содржината на писмото, што цар Артаксеркс му го даде на Ездра, свештеник и книжник, кој го учеше Израилот на заповедите Господови и на законите Негови:
12. Артаксеркс, цар над царевите, до Ездра свештеникот, совршениот учител во законот на небесниот Бог денес.
13. Дадов заповед, во царството мое секој од народот Израилев и од неговите свештеници и левити, што сака да оди во Ерусалим, нека појде со тебе.
14. Бидејќи си испратен од царот и од седумте негови советници, да ги надгледаш Јудеја и Ерусалим во законот на твојот Бог, кој што е во раката твоја,
15. и да го однесеш среброто и златото, кое царот и советниците го жртвуваа на Бога Израилев, Чие живеалиште е во Ерусалим,
16. и сето сребро и злато, што ќе го собереш по целата област Вавилонска, заедно со доброволните приноси од народот и свештениците, што ќе жртвуваат за домот на својот Бог, Кој е во Ерусалим,-
17. тоа веднаш купи за тие пари волови, овни, јагниња и лебни приноси кон нив, и преливи за нив, и принеси ги на жртвеникот во домот на вашиот Бог во Ерусалим.
18. А она што ти и браќата твои ќе најдете дека е добро да направите од останатото сребро и злато, според волјата на вашиот Бог направете.
19. Садовите, пак, што ти беа дадени за служби во домот на твојот Бог, постави ги пред Бога Ерусалимски.
20. И си друго, што е потребно за домот на твојот Бог, она за што го сметаш дека е неопходно, давај од домот на царските сокровишта.
21. А јас, царот Артаксеркс, давам заповед до сите ризничари, што се од онаа страна на реката – си, што ќе посака од вас Ездра, свештеник и учител по законот на Бога небесен, без двоумење давајте:
22. сребро до сто таланти, пченица до сто кора, вино до сто бата и пак до сто бата масло, а сол – без да се определува количеството.
23. Си, што е заповедаво од Бога небесен, треба да се врши грижливо за Неговиот дом, и гледајте, некој да не протегне рака врз домот на Бога небесен, за да не падне гневот Негов врз царството, царот И синовите негови.
24. Го кажавме да знаете, дека на никого од свештениците и левитите, певците, вратарите, Нетинејците и оние што служат при тој дом Божји нема да им се наложува данок, ни десеток,
ни царина.
25. А ти, Ездра, според мудроста на твојот Бог, која е во раката твоја, судат сиот народ од онаа страна на реката, – сите што ги знаат законите на твојот Бог, а кои не знаат, учете ги.
26. И кој не го исполнува законот на твојот Бог и законот царски, тој без одлагање да се осуди, било на смрт, било на заточение, било на парична глоба, или на затвор во темница.
27. Нека е благословен Господ, Бог на татковците наши, Кој вложи во срцето на царот да го украси домот Господов, што е во Ерусалим,
28. И Кој ја управи кон мене милоста на царот, на советниците негови и на сите силни кнезови царски! И јас са охрабрив, бидејќи раката на Господа, мојот Бог, беше над мене, и ги собрав кнезовите Израилеви, за да одат со мене.
8. Доаѓањето во Ерусалим.
1. Еве ги старешините на домовите и родословите на оние, кои со мене излегоа од Вавилон, во царувањето на царот Артаксеркс:
2. од Финесовите синови – Гирсон; од Итамаровите синови – Даниил; од Давидовите синови – Атус;
3. од Саханиевите синови, од Форосовите синови – Захарија и со него по список сто и педесет мажи;
4. од Фат-Моавите синови – Елијан, син Зераев, и со него двесте души од машки пол;
5. од синовите на Затојас – Сехенија, син Азиилев, и со него триста мажи;
6. од Адиновите синови – Овин, син Јонатанов, и со него педесет души од машки пол;
7. од Еламовите синови – Исаија, син Аталиин, и со него седумдесет мажи;
8. од Сафатиевите синови – Завдија, син Михаилов, и со него осумдесет души од машки пол;
9. од Јоавовите синови – Авдија, син Јеилев, и со него двесте и осумдесет мажи;
10. од синовите на Ваанија – Селимут, син Јосефиев, и со него сто и шеесет души од машки пол;
11. од Вавиевите синови – Захарија, син Вавиев, и со него дваесет И осум мажИ;
12. од Азгадовите синови – Јоанан, син Икатанов, и со него сто и десет души од машки пол;
13. од синовите Адоникамови излегоа последни од нив; еве ги имињата нивни: Едифалат, Јеил, и Самаја, и со нив шеесет мажи;
14. од Вагуевите синови – Утај и Завуд, и со нив седумдесет души од машки пол.
15. Ги собрав кај реката, која што се влива во Ава, и таму престојувавме три дена, и, кога го прегледав народот и свештениците, не најдов таму од Левиевите синови.
16. Тогаш испратив да го повикаат Елеазера, Ариила, Семеја, Елнатана, Јарива, Натана, Захарија и Месолама – старешините, и Јоарима и Елнатана – учените;
17. и им дадов порака за Идо, началникот во месноста Касфија, и ги поучив како да му зборуваат на Идоа и на браќата негови, Нетинејците во месноста Касфија, за да ни доведат певци за домот на нашиот Бог.
18. И тие ни доведоа – бидејќи благодатната рака на нашиот Бог беше над нас – еден умен човек од синовите на Махлија, син Левиев, син Израилев, односно Серевија со синовите негови и браќата негови – осумнаесет души;
19. и Асевија и со него Исаија од синовите Мерариеви, неговите браќа и нивните синови – дваесет;
20. И од Нетинејците, што ги беше дал Давид И кнезовите негови за послуга на левитите, двесте И дваесет Нетинејци; сите тие беа запишани поименично.
21. Тогаш објавив таму пост при реката Ава, за да се смириме пред лицето на нашиот Бог И да измолиме од него успешен пат за себеси, за децата свои И за целиот наш имот,
22. бидејќИ ми беше срам да барам од царот војска И коњаници да ни чуваат од непријател по патот, зашто ние, кога зборувавме со царот, рековме: »раката на нашиот Бог е благодатна за сите, а над сите, што Го оставаат, стои силата Негова И гневот Негов!
23. И така ние постевме и го молевме нашиот Бог за тоа, и Он ни услиши.
24. Тогаш одвоив дванаесет души од началниците над свештениците: Сариаја и Асавија, и со нив десетина од браќата нивни;
25. и им го предадов со мера среброто и златото и садовите, – си што беше жртвувано за домот на нашиот Бог, она што го жртвуваа царот, советниците негови, кнезовите негови и Израилци, што беа таму.
26. И им предадов во рацете нивни со мерка: сребро – шестотини и педесет таланти, и сребрени садови – за сто таланти, злато – сто таланти,
27. златни чаши – дваесет, за илјада драхми, и два сада од најдобар, блескав бакар, ценет како злато.
28. И им реков: “Вие сте светиња на Господа, и садовите се светиња, и среброто и златото – доброволен прилог на Господа, Бог на татковците ваши.
29. Бидете будни и запазете го тоа, додека го предадете со мерка на началниците над свештениците, левитите и старешините Израилеви во Ерусалим, во ризницата при домот Господов.”
30. Свештениците и левитите го примија измереното сребро, злато и садови, за да ги однесат во Ерусалим, во домот на нашиот Бог.
31. Тогаш тргнавме од реката Ава на дванаесеттиот ден од првиот месец, за да одиме во
Ерусалим; и раката на нашиот Бог беше над нас и ни чуваше од непријателска рака и од оние, што ни зачекуваа на патот.
32. И стигнавме во Ерусалим, каде што престојувавме три дни.
33. На четвртиот ден го предадовме со мера среброто, златото и садовите ве домот на нашиот Бог во рацете на свештеникот Маримота, син Уриев, и со него на Елеазара, син Финесов, и со нив на Јозавада, син Исусов, и на Ноадија, син Ванаев – левити,
34. си под број и со мера. И сето измерено беше истовремено запишано.
35. Дојдените преселеници од пленство Му принесоа сепаленици на Бога Израилев дванаесет телиња за сиот Израил, деведесет и шест овни, седумдесет И седум јагниња и дванаесет козли како жртва за грев: сето тоа за сепаленици на Господа.
36. И ги предадоа царските заповеди на царските сатрапи и на задречните кнезови, и тие го почитуваа народот и домот Божји.
9. Покајничката молитва на Ездра.
1. Откако се сврши тоа, началниците се приближија до мене и рекоа: “Народот Израилев и свештениците и левитите не се одвоија од другоплеменитите народи поради нивните гнасотии, од Хананејците, Хетејците, Ферезејците, Јевусејците, Амонитите, Моавците, Египтјаните И Аморејците,
2. зашто зедоа нивни ќерки за себе и за синовите свои, светото семе се смеша со друго племени народи, а при тоа раката на кнезовите и војводите беше прва во тоа беззакние.”
3. Откако ги чув тие зборови, ја раскинав долната и горната своја облека, ги кубев косите на главата своја и на брадата своја и седев нажален.
4. Тогаш се собраа кај мене сите, што се уплашија од зборовите на Бога Израилев поради престапите на преселниците, и јас седев тажен до вечерната жртва.
5. А во време на вечерната жртва станав од местото на моето тагување и со раскината долна и горна облека паднав на колена и ги кренав рацете кон Господа, мојот Бог,
6. и реков:”Боже мој, срам ми е и страв ми е да го покажам моето лице кон Тебе, Боже мој, зашто беззаконијата ни се натрупаа до над главата, и вината ни нарасна до небесата.
7. Од дните на татковците наши до денес ние сме во голема вина, и поради нашите беззаконија бевме предадени ние, царевите наши, свештениците наши,-во рацете на другоземни цареви, на меч, во пленство, на грабеж и навреди, како што е и сега.
8. И ете, по малку време, ни се дарува милост од Господа, нашиот Бог, кој остави кај нас спасение и ни даде да се утврдиме во местото на светињата Негова; ни ги просвети очите нашиот Бог и ни даде да здивнеме малку од ропството свое.
9. Ние сме робови, но и во ропството нашиот Бог не ни остави. Он ја приведе кон нас милоста на персиските цареви, за да се соживееме, да го подигнеме домот на нашиот Бог, да го обновиме од урнатините негови а ни дадоа ограда во Јудеа и во Ерусалим.
10. А сега, што да кажеме, Боже наш, потоа? Зашѕо ние отстапивме од Твоите заповеди,
11. што ни ги даде преку Твоите слуги, пророците, велејќИ: »земјата, во која одите, за да ја завладеете, е земја нечиста; таа е извалкана од нечистотиите на друго племени народи, со нивните гнасоотии, со кои ја наполнија од крај до крај со своите нечистотии.
12. Затоа не ги давајте керките свои за синовите нивни, и керките нивни не ги земајте за синовите свои, и не барајте го мирот нивни, ниту благата нивни до века, за да се утврдите и храните со благата на таа земја и да ја предадете во наследство на синовите свои до века.
13. И по си она што ни снајде поради лошите дела наши и поради големата вина наша и, –
зашто Ти, Боже наш, ни поштеди не според беззаконието наше, туку ни даде такво избавување, –
14. зарем пак ќе ги нарушуваме Твоите заповеди и ќе влегуваме во родство со тие одвратни народи? Нема ли да се разгневиш на нас дури до погубување, така што да нема живи и да нема спасени?
15. Господи, Боже Израилев! Ти си праведен, зашто ние бевме нажалени до денес; и еве, ние сме во беззаконијата свои пред Твоето лице, макар што по тоа не би требало да стоиме пред Твоето лице.”
10. Израилците ги отпуштаат жените туѓинки.
1. Додека Ездра така се молеше И исповедаше, плачејќИ и лежејќи пред Божјиот дом, се собра кај него многуброен народ од Израилот, мажи, жени и деца, зашто и народот плачеше многу.
2. Тогаш се јави Сехенија, синот Јеилев од синовите Еламови, и му рече на Ездра: “Згрешивме пред нашиот Бог, зашто земавме жени од народите на таа земја, но уште има надеж за Израилот во таа работа;
3. да се заветува сега пред нашиот Бог, дека ќе ги отпуштиме сите другоплемени жени и родените од нив деца, – и нека биде по законот на нашиот Бог, и според законот нека биде.
4. Стани, зашто ова е твоја работа, и ние сме со тебе: биди храбар и работи!”
5. Тогаш стана Ездра и им порача на старешините над свештениците, левитите и над сиот Израил да положат клетва, дека ќе направат така. И тие се заколнаа.
6. Стана Ездра и тргна од Божјиот дом кон зградата на ризницата при Јоханана, Јелисувавиот син, и стигна таму. Леб не јадеше и вода не пиеше, зашто плачеше поради претстапите на преселниците.
7. И им соопштија по Јудеа и во Ерусалим на сите, што беа во пленство, да се соберат во Ерусалим,
8. а на оној што не ќе дојде за три дни, ќе му се одземе имотот, по решение на кнезовите и старешините, целиот имот негов, а самиот тој ќе биде отсранет од општеството на преселниците.
9. И во тие три дни се собраа во Ерусалим сите жители на Јудеа и на земјата Венјаминова. Тоа беше во деветтиот месец на дваесеттиот ден од месецот. Седеше сиот народ на плоштадот пред Божјиот дом и трепереше, како поради таа работа, така и од дождот.
10. Тогаш свештеникот Ездра стана и им рече: “Вие направивте престап, земајќи жени од други племинња и со тоа ја зголемивте вината на Израилот;
11. затоа, покај те се пред Господа Бога на вашите татковци, и исполнете ја волјата Негова, одвојте се од народите на таа земја им од жените од други племиња.”
12. Целото собрание одговори и рече со силен глас: “како што рече, така и ќе направиме.
13. Но народот е многуброен, и времето е сега дождовно, та неможе да се стои на улица. Па и таа работа не е ни за ден, ниту за два, зашто ние згрешивме многу во таа работа.
14. Нека се изберат заменици на кнезовите за целото општество, и сите во нашите градови, што зеле жени од други племинња, да доаѓаат тука во определено време заедно со старешините и судиите на секој град, додека не се одврати од нас пламнатиот гнев на нашиот Бог поради таа работа.”
15. Тогаш се зафатија со таа работа Јонатан, син Асаилов, И Јасија, син Текуев, а Месолам И Саватај, левит, беа нивни помошници.
16. Така направија дојдените од пленство. За тоа беа одредени: свештеникот Ездра, началниците од секое нивно поколение, и старешините на нивните домови сите по име. Тие се собраа на заседание во првиот ден на десеттиот месец, за да ја испитаат таа работа;
17. и го извршија испитувањето за сите, што беа зеле жени од други племиња, кон првиот ден од првиот месец.
18. И се најдоа од свештеничките синови, што беа зеле жени од други племиња, – од синовите на Исуса, синот Јоседеков и бараќата негови: Маасија, Елиезер, Јарим и Гадалија;
19. тие ја дадоа раката своја за уверување, дека ќе ги напуштат жените свои и дека, како виновни, ќе принесат жртва по еден овен за вината своја;
20. Од Имеровите синови: Ананиј и Завдија;
21. Од Харимовите синови: Маасија, Елија, Самија, Јеил и Озија;
22. Од Пасхоровите синови: Елиоинај, Масија, Исмаил, Натанаил, Јозавад и Еласа;
23. Од левитите: Јозавад, Симеј и Ќелаја, тој е и Ќелит, Патахија, Јуда и Елиезер;
24. Од певците: Елисав; Од вратарите, Салум, Телем и Уриј;
25. А од Израилиците, – Фаресовите синови: Рамија, Азија, Мелхија, Мелмин, Елеазар, Асавија и Венеја;
26. Од синовите Иламови: Матанија, Захарија, Јаил, Авдиј, Јеримот и Елија;
27. Од синовите Затуеви: Елионај, Елисув, Матанај, Армот, Завад и Озиз;
28. Од синовите Вавениеви: Јоанан, Ананија, Завуј и Атлај;
29. Од синовите Вануеви: Месолам, Малух, Адаја, Јасуф, Саал и Римот;
30. Од синовите на Фат-Моава: Еднеа, Халил, Ванаја, Маасија, Матанија, Веселеил, Вануј и Манасија;
31. Од синовите Иримови: Елиезер, Јесија, Мелхија, Самаја, Симеон.
32. Венјамин, Валух, Самарија;
33. Од синовите Асимови: Метанија, Матата, Завад, Елифелет, Јеремај, Манасија и Семеј;
34. Од синовите Ваниеви: Мадија, Амрам и Уил.
35. Ванаија, Вадаја, Хелија,
36. Ванија, Маримот, Елијасиф,
37. Матанија, Матанај, Јаасај,
38. Синови Ваниеви, и синови Семееви,
39. Салемија, Натан, Адаија,
40. Махнада, Авусесеј, Аруесрил,
41. Азариел, Селемиј, Семарија,
42. Салум, Амарија и Јосиф
43. Од синовите Невови: Јеил, Мататија, Завад, Зевенај, Јадај, Јоил и Ванеја.
44. Сите тие си беа зеле жени од други племиња, а некои од тие жени им беа родиле и деца.